Италијанска лазања превкусна и едноставна за подготовка.

Објавил: Сара Фемина | 8 мај, 2019 22:11

Лазања со печурки и спанаќ!

Фото/Текст извор: ©онлине магзин

Ако не сте се одлучиле за ручек, пробајте ја оваа пролетна комбинација на вкусна лазања со спанаќ и печурки.

Печурките ја збогатуваат текстурата на класичната лазања со спанаќ. Ова вкусно италијанско јадење верувај те дека ќе постане секојдневие во вашата кујна.

Време на подготовка: 01ч 10мин

Време на готвење: 40 минути

Направете вкусна вечера со здрав зеленчук богат со железо. Лазања со спанаќ и печурки.

Состојки:
Спанаќ – 450 гр
Печурки, буковка исецкани на помали парчиња – 250 гр
Лук – 2 чешњиња
Листови од свежа мајчина душица – 1 лажичка
Сирење или урда – 220 гр
Јајце – 1
Морско оревче – по избор
Лазањи – 230 гр
Пармезан – 1 шоља
Доматен сос – 1 1/2 шоља
Сол и црн бибер – по избор
Маслиново масло – по избор

Инструкции:

Чекор 1:
Загрејте ја тавата за пржење на висока температура и додадете го спанаќот. Промешувајте и оставете се додека спанаќот не се исцеди од водата. Потоа измијте го повторно со ладна вода, исцедете убаво од водата и исецкајте, посолете со сол и ставете го спанаќот на страна.
Чекор 2:
Потоа откако ќе го измиете садот за пржење во него ставете маслиновото масло на висока температура и додадете ги печурките. Оставете да се пржат до 3 минути . Температурата ставете ја на средно висока и додате го исечканиот лук и листовите од мајчина душица. Ставете сол и црн бибер и продолжете да готвите на средна температура додека печурките не станат меки, околу 3 – 5 минути. Пробајте и додадете сол или црн бибер по вкус, а потоа отстранете ја тавата од ринглата.
Чекор 3:
Рерната загрејте ја на температура од 350 степени. Ставете малку масло во сад за печење. Во меѓувреме сирењето или урдата изблендирајте ја со јајце, малку вода, морско оревче, сол и црн бибер. Истурете ја оваа смеса во спанаќот.
Чекор 4:
Истурете лажица од доматниот сос во садот за печење. Потоа ставете слој од лазањите. Врз лазањите ставете од избленираната смеса од спанаќ и сирење и истото повторете го со останатите слоеви лазања. Одозгора ставете од доматниот сос и од пармезанот и малку маслиново масло.
Чекор 5:
Садот за печење со лазањите покријте го со алуминиумска фолија и ставете го во рерната. Печете 40 миути, содека не се испечат лазањите и не почнат да излегуваат меурчиња од смесата. Откако ќе извадите од рерната, оставете да се испече околу 10 минути пред да сервирате.
Совет: во зависност од времето на располагање приготвената лазања можете да ја замрзните и да ја испечете по потреба кога ќе посакате.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.