Како ви легна веста дека власта на СДСМ - Фамилијата - ДУИ (Светото тројство) одобрила 14 милиони евра за Државна лотарија да купи покер автомати на кои вашите деца, по некој супруг и браќа ќе го дотрошат она малку што го имате по дома?

Објавил: Македонка Димкин | 27 јануари, 2020 0:50

Латас: Ај од нас, ама и од црква да се крадело

Фото/Текст извор: ©весник.ком

Латас со прашање до читателите: Како ви легна веста дека власта на СДСМ – Фамилијата – ДУИ (Светото тројство) одобрила 14 милиони евра за Државна лотарија да купи покер автомати на кои вашите деца, по некој супруг и браќа ќе го дотрошат она малку што го имате по дома?

За тврдите социјалдемократи тоа е нормално, како што е ОК и кога нивниот Жути, експерт за шпорети и плотни, со 10.000 евра инвестиција формира фирма и после 25 дена добива тендер за хеликоптерска помош од која државата ќе му исплати – 72 милиони евра! Штом парата се врти во кругот на Светото тројство СДСМ-Фамилијата-ДУИ за тврдите социјалдемократи се е во ред. Така требало да биде.

Арно ама, не се сите тврди социјалдемократи во кругот на Светото тројство, најголем дел од нив ја дели сиромаштијата која секој нов ден е се потешка, слика фискални и се надева на нешто. Кога за време на ВМРО се собираа фискалните државата даваше награда, подарок станови, коли и се што следи. Од тие пари после се финансираше државно плаќање кредити за станови за млади брачни парови. Сега, нема ништо. Гола вода со добиени 1.500 денари од фискалните пишува понатаму Латас во неговата понеделничка колумна.

Според официјалните податоци од Минстерство за Финансии, огранок на Групер, во првиот квартал граѓаните на Македонија сликале дури 22,6 милиони фискални со вкупен промет од 11,4 милијарди денари (185 милиони евра)! Државата им дала поврат на ДВВ на тие граѓани од 186 милиони денари, или само 3 милиони евра. Е па, за покер автоматите државата дала 14 милиони евра, а за 100 милиони сликани фискални годишно државата би им вратила на граѓаните најмногу 12 милиони евра – за цела година. Ништо од бизнисот чичко, што би рекол оној малиот во спотот на Груевски кога се воведуваа фискалните. Цела држава за фискалните, за цела година, ќе прими помалку поврат на ДДВ од покер автоматите за државна лотарија. Па ти сега види.

И, кога сме веќе кај цитатите, еве еден и од Црвенковски: не и е толку криво на мајката кога синот ја загубил куќата на коцкање, туку повеќе и е криво кога ќе почне да се вади дека немал среќа… Ладно, како државава да е збир на овци (што би рекол Пендаровски) а не на свесни граѓани, Светото тројство се вади дека тоа не е платено од буџетот на владата туку од пари на Државна лотарија. Па добро бе генијалци, чија е Државна лотарија?! Профитот од Државна лотарија треба да заврши во државниот буџет и да се дели за социјални проблеми, спорт и социјални проекти, за сиромашните. Вие од владата донесовте одлука наместо за социјални потреби 14 милиони евра Државна лотарија да не ги уплаќа во буџетот туку – од државните пари да си купат покер автомати. Затоа и ви стојат 11.000 нерешени случаи и плаќања од државата кон социјално загрозените.

Инаку, парите за покер автомати се вредност која е точно една половина од Клиничката болница во Штип која треба да служи за цела источна Македонија, и за која две години владата одложува нејзино завршување и ставање во функција. Лечете се сега на покер автоматите.

Ај што Заев, и Светото тројство, не изградија ни километар автопат од ветените петсто километри, што свесно запреа секаква градба која е во тек како спомнатата Клиничка болница во Штип, автопатот Кичево Охрид… Ем ништо не изградија ем Шилегов ја продаде веќе готовата Градска куќа, скопското собрание, на ЕВН за цена која е три пати помала од парите за покер автомати… Што стана со изградбата на црквата во 2015-та најавена од Фамилијата како најголемата православна црква во регионов, Пресвета Богородица во Струмица­?

Не стана ништо. Нема црква. Парите се земаа, а црквата Пресвета Богородица 8 години е – во градба. На онаа снимка каде што бара мито Зоран Заев вели: 100.000 евра ќе дадеш за црквата а 100.000 евра кај Вицето… па уште раскажува како така дале Мирчо со свињарнико’, Ваан’то со циглето и ред други. Парите друже Зоки ги собрал уште во таа 2014-та , ама ја заебал и црквата. Црква нема! Во 2012 турил камен темелник, ветил за година дена ќе има карабина… Се понатаму знаете и самите од искуство.

Кој има мерак на цркви нека нека знае: украл божји пари и од Господ ќе му биде судено, помеѓу останатите судења. Второ, ВМРО ги изгради Плаошник во Охрид плус реконструкција на Самоиловата тврдина како и Калето во Скопје. Потоа го обнови изгорениот манастир Свети Јован Бигорски каде сега тврдо тераат пробугарска кампања во корист баш на Заев и Фамилијата кои беа против реконструкцијата на манастирот. ВМРО го реконструираа и манастирот Зрзе, еден од најубавите во Македонија, а никој од ВМРО никого не изрекетира за стотици иљади евра кои, потоа, наместо за некоја од црквите завршиле во приватен џеп.

Краде Светото тројство и од небо и од земја, се краде тотално секаде од каде што има нешто да се земе. Затоа, со тој украден капитал е лесно да се држат под контрола обвинители, судии, судски совети, медиуми… Обвинителството постојано “нема докази“ против Фамилијата иако има стотици снимки, изјави, документи, телефонски разговори плус оние разговори што ги сокриле од СЈО… Има докази на секој чекор, и за Рекет, и преку Рекет, и за местење избори во Струмица, и за местени тендери од по десетици милиони евра, и за непотизам, и за наместени судски процеси, и за плаќање лажни невладини организации, и за договорени па плански раскинати договори кои потоа суд треба да ги пресуди на штета на државата, а парите по наплатата да се поделат со Фамилијата… Има се што треба, но нема кој да го тера.

Со иста снимка како на Заев, за 100.000 евра барано мито, словенечкиот министер за надворешни Зоран Талер, и тој социјалдемократ, доби 2,5 години затвор. Кај е Словенија, а каде е Македнија изгубена у три северне материне.

И ова не е затоа што јас мислам така, или мислиш слично и ти, туку е пресудено онаму каде што Фамилијата не може да плати – од меѓународната заедница. Според Транспаренси Интернешнел, кои мерат степен на корупција во светот, Македонија со оваа власт паднала за 13 места во однос на минатата власт. Сега сме во групата масовно корумпирана власт, на 106 место во светот. Босна, Косово, Србија, Бугарија, Црна Гора… и официјално се помалку корупмирани од нас!

Спиеш ли мирно државен обвинителе Јовевски, а? За три години немате ниту една истрага, или обвинение за никого од власта која е длабоко најкорумпирана во регинот. Ако, за тоа и сте таму. Затоа, имате 50 обвиненија за опозицијата, од политичари, бизнисмени, новинари па се до портири… се ви е фрлено на жар. А апсењето на Катица? Катица од правосудниот систем соработувала со владата која е оценета како најкорумпирана, таа е само алатка на Светото тројство. Како да си го уапсил пиштолот, ама не и убиецот. И, да не заборавите, Катица е уапсена дури откако новинари ја открија корупцијата, Обвинителството дотогаш молчеше.

Премиерот на таа најкорумпирана влада сега брка гласови, бара чист мандат и тоа со истите приказни од пред три години плус спроведување на федерализација без војна, како јадица за Албанците и меѓународната заедница. Знае дека овој мандат што му помина е валкан, незаслужен, без победа на избори.

Незнам зошто го спомнуваат Костадин Костадинов дека Луј Витон торбата со милион во кеш ја однел во Струмица. Стварно, доста веќе со лажни вести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Емилија Александрова е роднина на Мијалков и координатор на 6 пратеници. Нејзиниот услов е да нема пресуди за Мијалков и да продолжи партнерството со Вице!?

За законот за обвинителство Заев разговарал со Панчо Минов и Емилија Александрова

Според нашиот анонимен извор, посебен разговор Заев водел со пратеничката Емилија...

Останатиот дел од отпадот земјата во тој период го увезла од Турција - над 32 илјади тони, а помали количини се увезени од други земји од Европската унија како Франција, Германија, Грција, Шпанија, Италија, но и од Швајцарија и од други држави.

7 МИЛИОНИ ТОНИ ОТПАД ВНЕСЕНИ СЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Ѓубрето на Бугарија влегува кај нас!

За две години во земјава бил увезен над десет пати повеќе отпад од вкупната количина...

Прашањето кое се наметнува е зошто во 2014, полицијата и обвинителството на Република Македонија, не известиле дека има одредена пред истрага или истрага, или можеби пак завршена истрага, против лицата Зоран Заев

МАГАЗИН: Зошто Рускоска е омилената обвинителка на Груевски и Заев?

Денес повторно како бомба одекна веста на весникот „ЛА ВЕРИТА„ Заев бил вмешан во...