А пред избори СДСМ има едноставна кампања: ветувања секому според потребите, земање кредити, билдање буџет и купување гласови. Буџетот за наредната година е четири милијарди евра! Заев сега троши 600 милиони евра повеќе од Груевски во 2016-та, последната година на власт. Тоа се нови 600 милиони евра кои владата ќе ги земе од нас, граѓаните и фирмите преку повисоки такси и даноци, од казни и секој ден нови и нови давачки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 10:24

Латас: Ги изедоа баклавите па ветуваат јуфки за сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Баклавата ја изедоа, и сега пред нас стои само празната тепсија, што би рекол Заев, со верба дека гладните ќе се нахранат од неговата заебанција. А заебанции има секој ден, па деновиве дојдовме и до шупелките. Но, и тоа има крај до следната пролет. Ова го пишувам условно, јас се уште не сум сигурен дека вонредните избори ќе се одржат баш на 12 април, како што е договорено.

А пред избори СДСМ има едноставна кампања: ветувања секому според потребите, земање кредити, билдање буџет и купување гласови. Буџетот за наредната година е четири милијарди евра! Заев сега троши 600 милиони евра повеќе од Груевски во 2016-та, последната година на власт. Тоа се нови 600 милиони евра кои владата ќе ги земе од нас, граѓаните и фирмите преку повисоки такси и даноци, од казни и секој ден нови и нови давачки.

Нова колумна на Латас, за Весник.мк

Тоа е разликата, поедноставено, помеѓу левите партии како СДСМ и десните како ВМРО. Левите, СДСМ, ќе ви ги земат парите низ високи даноци и такси и после они одлучуваат што ќе се прави со нив, и кој ќе добие, а најмногу добиваат тие самите. Кај десните, како ВМРО, даноците се мали, парите остануваат кај граѓаните кои сами решаваат што ќе прават со нив, а работа на државата е да ги стимулира да ги трошат за иневстиции, а не за проста лична потрошувачка. Па ти сега одбирај. 

Со вештачко покачување минимални плати без договор со синдикатот и сопствениците на фирмите дали можат да го издржат тоа. Ова покачување значи откази за некои од сега вработените затоа што парите во фирмите се тие што се и сега, и утре, нови инвестиции и нови бизниси нема. Парите што ги дели Заев пред избори не се заработени, само се позајмени и сите ние ќе ги враќаме. Оваа школа на купување гласови за избори Грција ја плати со финансиски земјотрес од кој десет години се оправаат, и не се опраени.

Македонија сега е најзадолжена во својата самостојна историја, јавниот долг годинава е 5,5 милијарди евра, или околу 50% од Бруто домашниот производ што е скоро милијарда повеќе од 2016-та. И не се застанува тука, најавија дека фискалната политика за 2020 – 2022 е да бидеме задолжени 60% од БДП.

Се најавува градба на клинички центар за 550 милиони евра во споредба со клиничкиот центар на владата на ВМРО ДПМНЕ од 70 милиони евра. Се најавуваат автобуси на пареа за 100 милиони евра, милион евра трошок за функција на еден автобус кој во Германија кошта 150.000 евра. За автопатот Кичево-Охрид и Скопје-Штип оваа влада доплати 170 милиони евра, никому не  е јасно зошто, особено затоа што луѓе од минатата власт одговараат дека платиле премногу и ја оштетиле државата. А новиве 150 милиони евра што се доплатија за истите автопатишта за кого се? И да е само ова би преживеале, но има сто вакви дубари.

Изборите се точката на која запира ова лудило. И нивното но, и нашето кои тоа им го дозволуваме залажани со тепсиите што останале откако тие ги изеле баклавите.

Колку е силата на другата страна која треба да го запре лудилото и диктатурата. Да, ВМРО навистина има околу 90-100.000 гласа предност над СДСМ пет месеци пред изборите во април. Кога ќе се земе факторот на насилство и купување гласови што СДСМ го покажа на локалните и претседателските избори, таа предност би можела да падне на 80-90.000 гласови но, би можела и да порасне над 100.000 гласови разлика бидејќи незадоволството од владеењето на Заев е се поголемо, и расте без запирање најмногу кај неопределените и кај гласачите на СДСМ.

На Македонија и е неопходна обнова, преродба, враќање во нормалниот живот со сите предности и маани кој сега е загубен. Сега владее мафија и една Фамилија која држи половина држава во страв, а другата половина со ветувања и корупција. Даскалот Мицкоски и неговите од ВМРО го најавуваат тоа, имаат план стокмен по инженерски, со сите детали, но победата и обновата нема да дојдат сами од себе.

ВМРО ДПМНЕ загуби една генерација која остави длабока трага во изградба на националниот идентитет, афирмација на државата и македонската култура, воспостави високи стандарди во економијата, образованието и здравството, го афирмираше семејството и одговорноста како основни социјални модели, го дигна на нозе земјоделието и доби девет препораки за почеток на преговори со ЕУ и препорака за членство во НАТО. Тоа се факти кои остануваат запишани.

Да, дел од таа генерација е предмет на прогон од оваа власт. Гонета, пред се, затоа што не била согласна да го смени уставното име и идентитетот на нацијата, што Заев го направи прекутрупа, штом седна во фотељата, како цена за власт без победа на избори. Таков прогон и со тие основи современа Европа нема видено.

Сега ВМРО е на мегдан со нова генерација. Она што мора да биде континуитет е идологијата за слободна и одговорна Македонија. Делувањето на ВМРО отсекогаш се темелело на јасен систем, одговорност и мерливост. На ред и поредок. На грижа за секој член, за секој човек и секој граѓанин. Секоја влада на ВМРО економски, социјално, национално и демократски била за метар поуспешна од било која влада на СДСМ. Тоа е почетната позиција и задача за оваа генерација на ВМРО.

Не е сеедно дали ВМРО ќе победи на избори со 53 или 58 пратеници. Од тоа произлегуваат многу последици, за почеток изборот партијата да даде шанса за коалиции со новите генерации меѓу политичките партии на македонските Албанци. Од големината на победата зависи и дали ќе се запре уривањето на македонскиот национален идентитет. Зависи стабилноста на владата која мора да се врати на старите политики со мали даноци, одговорност, на странските инвестиции во Македонија и вклучување во новиот слободен пазар на Западен Балкан.

ВМРО мора да се обедини со секој кој има воља и способност за обновата. Новата генерација не смее да се зарази со синдромот на СДСМ наречен Црвените кмери, синдром во кој само новите се добри а старите се пречка за нивните кариери. Таа алчност за брза кариера преку газење во сопствените редови никогаш не била карактер на ВМРО. Не може да се гради кариера ако сабајле го обвинувате СДСМ за прогон и диктатура, а навечер чистите пат за кариерата обвинувајќи ги своите кои ти стојат на патот дека се инфицирани од СЈО или ОЈО. Или е вистина едното, или е другото. Прелетачите кои од соросоиди стануваат вмровци носат навики и сериозна инфекција во традицијата на ВМРО. Никој не му го земал местото на Роналдо во Реал и Јувентус затоа што има 35 години и е осуден за даночно затајување, туку мора да биде подобар од него на терен ако ја сака неговата слава.

Читам Фејсбук на една девојка од Куманово како таа е важна наспроти некој новинар што чувал кози затоа што таа го читала Кант. Стварно? Тоа ми личи како фалење на спонзоруша дека е важна само затоа што има Гучи или Луј Витон ташна. Ни Кант ни ташната не значат ништо за вредноста на човекот, туку дали знае што и како со прочитаниот Кант и скапата ташна. Малограѓански фалби се е и едното и другото. Тоа не е карактер на ВМРО, тоа е ендемска болест на салонскиот СДСМ.   

Политиката е тимска работа, не трпи самопрогласени ѕвезди. Искуството е капитал кој не се купува, а довербата се стекнува само со време, со искуство. За СДСМ Црвените кмери се ендемска болест која ги донесе до најголемиот пораз на една партија предводена, во тоа време и со тие принципи, од Радмила Шекеринска.

Мицкоски, патем, претстави и силен потенцијал од 16 нови советници, дел од нив и идни функционери, но како и секое засилување и тие мора да се вклопат во системот, да го надградат тимот и направат разлика во квалитет. Сами по себе, без синергија со системот, идеологијата, со искуството и традицијата на ВМРО не значат ништо освен закана за нови борба на суети. Партија без идеологија е обична фирма. А видовме со Заев како владее фирмата на Фамилијата.

Обновата треба да не ослободи и од овој срам да кажеш дека си Македонец.  

(18.11.2019)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Марш. За што? За „правда“. Одозгора на тога, што би рекол Заев, за конечни правни разрешници за поранешните предмети на СЈО. И одозгора на тога, за поддршка на законот кој, види богати, не содржел скриена амнестија за никого. А бе ова вие сериозно?!

ГЕРОСКИ: Вие само марширајте денеска, ви се гледа дека чизмите ви се валкани!

Со деловничко спорно гласање, Собранието вчера, на својата последна седница во овој...

Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

ЛАТАС: Ниту еден мандат Црвенковски не го заврши со ваков дебакл, и ваков срам

Готово е. Заврши власт од која Македонија ќе се срами, пере и која ќе ја злопамти со...

Најголем сомнеж фрла ноторниот факт дека овој закон, така како што е срочен, се обидува да регулира материја за која е „надлежен“ еден друг закон.

ГЕРОСКИ: Нека ви е на здравје законот на сите што ќе си обезбедите неказнивост за вашите злодела!

Не знам дали овој парламентарен состав, пред самото распуштање, ќе го усвои новиот...