Зоран Заев не е веќе премиер, и никогаш повеќе нема да биде. Кулата од корупција му се распаѓа. Бидејќи бев дома за празниците имав две средби со некои доскора блиски до Фамилијата кои со душа ми објаснуваа дека не сакале, ама морале да соработуваат и прават работи кои по своја воља не би ги правеле.

Објавил: Сара Фемина | 12 јануари, 2020 20:24

ЛАТАС: ДРУЖЕ ЗАЕВ, цела фамилија ве решава со едно пушење џоинт

Фото/Текст извор: ©вечер

Кој мисли дека Фамилијата на З.З. ќе пропушти да земе барем 50 од 188 милиони измислена доплата за уште по измислена грешка во проектот, мора да е наивен или е – Швеѓанец.

Господ дигнал раце од Македонија. И во време кога се слави христовото раѓање и православната Нова година ние имаме ремет со политика. Можеби паричето за Бадник се паднало кај вас, ама касата со парите му се паднала на друже Зоки.
Иако, има и добри вести. Зоран Заев не е веќе премиер, и никогаш повеќе нема да биде.

Кулата од корупција му се распаѓа. Бидејќи бев дома за празниците имав две средби со некои доскора блиски до Фамилијата кои со душа ми објаснуваа дека не сакале, ама морале да соработуваат и прават работи кои по своја воља не би ги правеле.

На пример, Вицето и Трајче Заеви ја купиле оранжеријата МАМ во Свети Николе за три милиони евра, бацето Зоки им дал лиценца за марихуана, па после ја наплатиле 10 милиони евра на партнерите. Скапо, ама ќе им надокнаделе низ други бизниси и тендери.

Според нив, Фамилијата за две години досега заработила над 200 милиони евра, а уште заработува од бизниси кои се во тек и најава, и тоа не само во Македонија. За толку знаат тие, останатото е тајна поделена со некои други.
Знам, ако речете цело судство и обвинителство е под контрола на Фамилијата и никој ништо не им може, во право сте. Така е. Но, како се редат деновите таа контрола ќе попушта, денес еден, утре друг ќе разбере дека времето на Фамилијата е минато и кој прв се симне од Сплавот на медузата, оној сликан од Жерико, толку подобро за него. Кога сплавот дефинитивно ќе потоне, заедно со Фамилијата ќе потонат и они

е кои со неа останале до крај.

Слушам дека Заев се надева на примена на неговото општо познато решение за кризни ситуации со кое се пофали во новогодишното интервју: кога си во криза, мажи ја ќерката за противникот и сите се задоволни. За среќа, децата на Мицкоски се мали, па не бива ни таа работа. Бојко му е премногу итар и паметен за да посредува и да се впушти во однапред загубена битка. Останува да му се јави некој лажен Мицкоски, како лажниот Порошенко, и да го утеши некое време, додека не му јават дека пак го намагарчиле.

Анѓушев замина. Со надеж дека и тој, и сите скандали и профити врзани со него ќе се заборават но, нема. Тој, е еден од главните играчи на Фамилијата и ќе ја дели нивната судбина. Заедно со економскиот совет на Фамилијата – Роштиљ, Жути, Сале Пичка, Асмир, Чомбе, Филипче, Ден Дончев, Рашковски… Заедно со претседателот на Економскиот совет, В.З.

Слушам дека Заев се надева на примена на неговото општо познато решение за кризни ситуации со кое се пофали во новогодишното интервју: кога си во криза, мажи ја ќерката за противникот и сите се задоволни. За среќа, децата на Мицкоски се мали, па не бива ни таа работа. Бојко му е премногу итар и паметен за да посредува и да се впушти во однапред загубена битка. Останува да му се јави некој лажен Мицкоски, како лажниот Порошенко, и да го утеши некое време, додека не му јават дека пак го намагарчиле.

За Божиќните денови ги видовме документите со кои се правел криминал со планско и намерно задоцнување на градба на Клиничката болница во Штип за да се заработат нови 7 милиони евра. Заради тоа цела Источна Македонија сега нема болница, а требаше да ја има уште на почетокот на ланската, 2019-та година.

Оној Филипче Втори Помалиот тврди немало проект за струја, затоа требале нови 7 милиони евра. Па момак, на до толку глуп народ не му служиш како министер. Секој што сака да прочита знае дека кога се прави проект, особено за голем објект како болница, под обавезно има и проект за струја. Откако проектот ќе се направи има независна ревизија од стручњаци на кои, ни под разно, не може да им се провлече ако во проектот не е проектирана и струјата. И, на крај, има изведувач на работите, твојот пријател Димитрис Кутрас, кој пред да се зафати со работа детално го проучува проектот за болницата во Штип и, пази богати, ни он не приметил таква крупна грешка дека нема проект за струјата.

После му текнало.
Ви лепат рацете, пријатељу. Ако човек само се поздрави со вас треба после да си ги преброи прстите. Владата на ВМРО имаше проект за Клинички центар во Скопје за 80 милиони евра, а вие од СДСМ го поништивте, и барате 500 милиони евра за Клинички центар. Сигурно сте заборавиле да ја проектирате и струјата, па после ќе барате уште 100-120 милиони евра за измени во вашиот проект за струја и греење.

Кој се сомнева во ова, да го потсетам. Владата на Груевски договори автопат Кичево-Скопје за 380 милиони евра. Како и Клиничката болница во Штип, и него го нема, иако требаше лани да биде готов. А зошто го нема? Па иста е шемата. Сугаревски министерот објавува дека имало грешка во проектот, промашена била трасата, и бара 188 милиони евра за да се исправела грешката. Колкава ли е таа грешка која за да се исправи бара 50% од вкупната цена на автопатот?!

Кој се сомнева во ова, да го потсетам. Владата на Груевски договори автопат Кичево-Скопје за 380 милиони евра. Како и Клиничката болница во Штип, и него го нема, иако требаше лани да биде готов. А зошто го нема? Па иста е шемата. Сугаревски министерот објавува дека имало грешка во проектот, промашена била трасата, и бара 188 милиони евра за да се исправела грешката. Колкава ли е таа грешка која за да се исправи бара 50% од вкупната цена на автопатот?!
Си потпишаа договор за доплата од 188 милиони евра со истата кинеска фирма Синохидро која СЈО ја обвинува дека дала рушвет на министрите на Груевски. Ако дале таму, ќе дадат пак и за овие сега, нели.

Сугаревски во ноември лани беше демантиран и од своите. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски изјави дека трасата не е промашена! ама парите отидоа. Сигурно овој Бочварски не бил броен при поделбата на рушветот од 188 милиони евра, ама после го заќутеа.
Кој мисли дека Фамилијата на З.З. ќе пропушти да земе барем 50 од 188 милиони измислена доплата за уште по измислена грешка во проектот, мора да е наивен или е – Швеѓанец.
Па они и вакцините ги уништија додека им е рок на употреба за Филипче да пазари нов тендер и тоа откако грипот замина. Фамилијата има решение, не ви требаат вакцини – ќе пушите од нивната марихуана. Нели друже Зоки на телевизија изјави дека неговата марихуана лечела рак… Ако лечи рак, грип решава уште од првите три дима. Цела фамилија ве решава со едно пушење џоинт.
Градовите се загадени, а министерот за екологија Јани Макрадули врти селфиња како се сликал со Шеваљ од Грчец, човек во бегство заради дилање дрога, избегал под притисок на конкуренцијата чија марихуана лежи непродадена во магацините. Ако Шилегов воведе и плин за електричните тротинети, тоа би им било врв на еколошкиот план на СДСМ. Пендаровски и нема рејтинг, во потрага е што ново да смисли да им се даде на Албанците за да им се раздолжи сега пред избори на картелите што му донесоа гласови, другите не го ни есапат за фактор во државава.
Соросоидите се збеснати. Ја туркаат Мила Цароска наспроти Оливер Спасовски за нов шеф на СДСМ и се самосожалуваат: гледај што прават, готова власт упропастија и сега заради сево ова ќе загубиме на избори! плачат паразитите.

Пријатели, па овие не ни дојдоа за да владеат, или скраја да победат на идни избори. Овие дојдоа да украдат што се може и да си заминат. Зарем мислите дека Вице од Струмица, Сугаре од Прилеп, Кирацо од Битола, Ременскана и Љупчо Николовски од Крива Паланка, Анѓушев од Велес… ќе ве трпат вас скопјани да уживате во нивната власт? Сите нивни комплекси и фрустрации ги решија со пари, шефови им се на скопските шанери Сале Пичка, Роштиљ, Жути, Чомбе… а вие може само да им плукнете под џам, и да се дружите со вашиот фенси Боки 13, еден ден.

И по скопски, свилено, да тажите дека исчуре патот Кичево-Охрид, ја снема болницата во Штип, ја нема ни скопската Клиника, автобусите на пареа Шилегов не ги донесе, плата од 500 евра не видовте… Ве превеслаа селските мангупи како млади провинцијалки кои им ги ловите по кафичи, дискотеки и студентски домови. Ве пребаа за секоја нивна пута три.
Да се спремиме и да ги испратиме на долг пат, како некогаш што испраќаа во војска: Ој машино пусти дима јаче, пусти дима јачеееее… да не видим како Скопје плаче, како скопје плачееееее…. и, заминува возот со лоповите, засекогаш.

Латас
(13.01.2020)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Деновиве слушнавме делови, само делови, од легално снимани разговори преку ПИ полициски мерки на Зоран Заев, градоначалник на неговата приватна Струмица во кои убаво, детално објаснува како примал по 100-200.000 евра поткуп од струмички бизнисмени на рака пошто така било најпрактично, иако можело и на трансакциска или кај баце Вице во менувачница.

Ебаму името, ебаму- очигледно, Северна и Тиранската платформа се добро наплатени

Кога новиот, технички министер за внатрешни Наќе Чулев, го назначи Ристо Ставревски...

Да биде полошо од тоа, елитната институција што требаше да биде spiritius movens на едно такво разбирање на концептот „правда и мир“ (СЈО), се покажа како легло на криминалот и на корупцијата.

ГЕРОСКИ: Срамниот процес на лустрација, спроведен во владеењето на Груевски мора да се поништи

Сѐ додека не сфатиме дека правото е систем на јасно дефинирани и цврсто кодирани правила...

Не се лутам никому, но не им заборавам на ороводците на тој пуч. Особено не на нарачателот. Сакам јасно да им порачам дека на никого од тие што мислеле дека ми “давале” слобода, не му должам ништо. Тие што вложија пари, се офајдија Тие што вложија труд заедно со мене, ене ги работат и имаат високи плати, кои лично јас ги “избоксував”. Тие што ме поддржуваа морално и политички, печалеа и ене ги на власт, среќни и задоволни, си ги товарат камилите.

ГЕРОСКИ ДОБИВА СМРТНИ ЗАКАНИ: Сам си ја земам слободата, џабе ми се закануваат со банкини и опасни свиоци

Никогаш не сум бил толку често и толку бедно клеветен и навредуван како овие три години....

Она што е актуелно деновиве не е оставката на Муртинецот туку повторното акуализирање на синонимот сончоглед, облекување на нов дрес и палење на стариот.

ВАСКО БЕЛЕСКИ: ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПРЕКИНЕ СО ТРАДИЦИИТЕ, ЈАС ТЕБЕ ТИ МЕНЕ, ЛЕПИ ПЛАКАТ ДОБИЈ РАБОТА

Васко Белески на својата фејсбук страна напиша неколку свои видувања за случувањата...