Ти им требаш само за гласање. За друго не те сметаат за човек, туку за бројка на избирачкиот список која постои само додека се гласа. Пред и потоа, ти си никој и ништо за нив. Дали си никој и ништо?!

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 9:47

Латас: Излези, испери го срамот од себе! Гласај против Фамилијата!

Фото/Текст извор: ©Весник.мк

Доаѓа денот, еве го. Стани, изми го лицето и облечи чиста облека, да се види убавото од тебе и на тебе. Ова е твој ден. Ден што ќе ти смени се од утре па натаму. Ден после кој нема да чувствуваш срам, кривица и да бидеш губитник за потсмев и сожалување.

Ова е твој ден, биди свој човек, и испери го срамот од себе. Биди чист и горд.

Испери го срамот дека си крив затоа што си ја продал сопствената нација, си го продал сето што си го наследил, си се откажал од јазикот кој го говориш, си подржувал корупција, богатење на една Фамилија која те лаже и јавно те пцуе, местења судии и судења, си подржувал корумпирани обвинители, нарко дилери и убиства кои полицијата ги крие, наркомани во собранието, крадење од парите за болници и лекови сред епидемија, дека си крив затоа што живееме во гето и не смееме мирно да шетаме меѓу албанските населби, крив што децата ги лечиме со хуманитарна помош а на министерот тендерашите му градат куќа…

Не си дел од нив? Да, не си, и затоа те пцујат, крадат, газат и те продаваат како бело робје. Не си дел од нив, но дел си од нивната позиција да бидат на власт. Ако не се власт ништо од ова не би можеле да направат. Затоа, покажи им дали си дел од нив, дали ќе им дадеш право да продолжат со ова. И со многу што друго.

Нова колумна на Латас, за Весник.мк

Ти им требаш само за гласање. За друго не те сметаат за човек, туку за бројка на избирачкиот список која постои само додека се гласа. Пред и потоа, ти си никој и ништо за нив. Дали си никој и ништо?!

Погледни ги нивните слики по портали, по Фејсбук, Твитер… каде си ти во нивна близина. Каде се луѓето кои им даваат власт? Службениците, таксистите, пензионерите, земјоделците, студентите, браварите, инжениерите, водоводџиите, лекарите, правниците, продавачките… Не! Нема таму никој од вас.

Оваа власт ја поплави јавноста со слики на кои премиер, министри, партиски шефови се сликаат со дилери од Грчец, Арачиново или Чаир. Со терористи од Диво Насеље се гушнати и насменани додека фамилиите вадат недела дена за своите убиени од полицијата. Се сликаат со меѓународни шефови на нарко мафии, со лажни принцови на Црна Гора и Македонија, со шверцери на цигари кои ги поставиле за градоначалници, со спонзоруши… се сликаат со слични на себе. Ти не си на тие слики. Ти за нив не постиоиш. За оваа власт ти си само бројка за избори.

Ти им даде право да ти ја урнат куќата, името, да ти ја растурат фамилијата, да те пцујат и навредуваат јавно… Ти, кој ги донесе на власт, си одговорен за сето ова пред себе, пред својата фамилија и сите твои познати кои заради твојот глас мораат сето ова да го трпат. Со години.

Еве ти шанса, еве го тој ден, испери го срамот и вината од себе. Не крадеше со нив, не тепаше со нив, не криеше убиства со нив, не местеше обвинители и судии заедно со нив, не се опиваше и гнетеше од државни пари со нив, не делеше со нив пари за лажни проекти, не избриша цела нација со нив, не делеа со тебе пари од рекети… Зошто би го делел нивниот срам и одговорност?

Покажи дека нивните дела не се твој избор. Дека не одобруваш минстереката за одбарана Шеќеринска на вечери кај Боки 13 да се среќава со шефицата на СЈО Катица Јанева и, со неа и Боки, таа да спремала Закон за јавно обвинителство! Никаде, и никогаш, особено не кај кримогени ликови, не смее да се сретне министер од извршна власт кој се пазари со обвинител. Но, тое не била нивна тема на разговор, видовме што Фамилијата од СДСМ, Боки и Катица договарале.

Те навредува ли кога те тераат да бидеш глуп? Кога те фрлаат во наркоза со пропаганда дека ако не се тие ќе сме имале режим! Па има ли поголем режим од нив: неуспешен референдум по кој избришаа нација, јазик и унитарност на држава. Местат судии, обвинители и пресуди. Секој тендер завршува во Фамилијата. Ги сменија сите главни уредници на влијателните телевизии. Договараат смени на судии со Судски совет. На судења кријат докази против нив. На своите љубовници татковците им ги поставуваат за директори на јавни претпријатија а мажите за шефови на медиуми. Ослободуваат затвореници за да им помогнат за избори. Држат народ во беда и сиромаштија за да купуваат гласови од очајниците.

Ова е само дел, кој е објавен. Колку е скриено?! И, што е ова ако не е режим!

Ако Зоран Заев за Шилегов вели дека е обична фукара и лопужа, зошто ти мислиш дека е добар политичар? Ако он тврди дека ќе “им ја ебе мајката на сите од неговата коалиција“ зошто ти веруваш дека тоа е добар тим за да владее со тебе. Ако Заев те цени тебе, своите граѓани, со “ебати народот“ ти стварно имаш проблем со себе ако му вратиш со почитување и глас за него. Кога ги гледа Албанците како роба за тргување на пазар која, патем, “не вреди пет пари“ од каде ти е причината да веруваш во соживот и општество еднакво за сите.

Ова е време на интеренет, отвори по порталите низ Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора… и по косовските и албанските ако го знаеш јазикот – сите ни се смеат, секој ден има објави со кои не сожалуваат како грешни души и ни се постмеваат. Го заслуживме ли тоа? Јас мислам – да. Но, треба ли да продолжиме да бидеме предмет на заебанција и сожалување? Никако! Доста беше.Точно е дека згрешивме со оваа банда на власт но, сега секој има можност да ја поправи грешката.

До кога ќе се збори дека Србите се храбри, Албанците борбени, Црногорците се горди, Бугарите се вредни… а ние, Македнците, сме шутраци без свој ум, без свој глас, губитници на кои им се потсмеваат и ги сожалуваат. Тоа ли си ти? Јас не сум.

Затоа, излези, испери го срамот и одговорноста од себе. Гласај против Фамилијата!

Излези и покажи им сила, покажи им дека имаш свој ум, свои интереси, потреби и достоинство за кои оваа Фамилија на власт нема време, знаење ниту разбирање. Покажи им дека не си само бројка. Дека си човек, како и сите други на кои не им се случува ваков кошмар, рекети и газење врз нив.

Зарем беше малку што Бранко ви ги остави татковците без работа, во беда и болести од кои пола поумираа. Татковците и мајките тогаш ќутеа, никогаш не ги вратија работите на свое место, сепак на избори на Бранко му кажаа – оди си! Не ги повратија работните места но, гласаа против него, го испраа срамот од себе.

Ја загубивме војната во 2001 година. Истиот тим на СДСМ, Бранко, Бучко, Шеќеринска таа војна ја водеше заедно со денешните сателити на Заев: Љубчо, Љубе, Стојанче Цреп… Тоа беше голем срам, и голема болка за таа генерација. Но, во 2006. луѓето собраа храброст, им рекоа на сите од ред – доста е! Гласаа против нив и ги фрлија на политичка депонија.

Еве не сега. Има ли оваа генерација гласачи храброст. Заев е полош од сите набројани. Загуби повеќе од сите нив, продаде се што имавме како наш национален имот, украде повеќе од било кого, и плус е лош, зол и расипан човек. И оваа генерација, на овие избори, ќе собере сила, ќе гласа против Зоран Заев. Ќе го испере срамот од себе, одговорноста дека била дел од сето она што значи тој.

Излези, и испери го срамот од себе. Не смее оваа генерација да биде потписник на сите тендери што завршија кај Заеви, на рекетите, на неговата корупција и криминали. Ти не си потписник на сите местења прогони, обвинители, судии, и нема да ја делиш одговорноста за рекетите и поткупите на Фамилијата, не смееш на себе да прифатиш одговоност дека си продал нација, национален јазик, историја… наскоро и химна на сопствениот народ. Не, ти не си учествувал во тоа.

Заеб губи, и ќе бега. Гледаме документи и изјави, фирмите ги селат во Бугарија, Фамилијата обезбедува работа и сместување во Швајцарија… А ти остануваш тука.

Ако е така, а знаеш дека така, излези и гласај против него. Испери го срамот од себе. Со прљавата вода нека замине и валканата политика на Фамилијата. Врати се од гласање дома чист, како избањан после месец дена трпење. И легни да спиеш, како слободен човек кој има право на надеж, и има свое место меѓу сите нас.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Пред нешто повеќе од една година, Заев и мене јавно ми залепи етикета. Пишував за големата рекетарска афера, која доби и судски епилог. Ме нарече „суетен новинар“.

Героски: Заев опасно етикетира новинари – не му е прв пат и нема да му биде последен!

Слушам и се восхитувам. Зоран Заев измислил нов термин во теоријата на медиумите. „Контравладини...

Ако не можеше да биде нормално, барем да беше смешно и забавно. Премиерот Албанец требаше да собере незаслужени гласови од лаичката маса, кои априори етничкото го третира за квалитет.

Биљали: Премиерот Албанец е најголемата измама што им се случила на Албанците последните 50 години

Што видовме во кампањата? Па сешто од непотребното и скоро ништо од потребното. Фалење,...

Дали Мицкоски би прифатил Насер Зибери да биде премиер во влада на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ? Одговорот треба да дојде од неговите, а прашањето до вмровците е: Дали сакате Насер Зибери да биде премиер со СДСМ или со ВМРО ДПМНЕ?!

ЛАТАС: Заев го спасија гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и му понудија нов мандат на власт

Што добија оние кои го бојкотираа ВМРО и Мицкоски на овие избори? Добија закана од нов...