Театарот истрага за Рекет добива нови димензии.

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2019 22:37

ЛАТАС: “Фрчкоски е познат по тепање студентки по паркинзи и како полицаец кој му го дигнаа во воздух Глигоров„

Фото/Текст извор: ©вечер

Две работи се тема за денес: развојот на случајот Рекет и ставањето на Македонија под протекторат на Европската унија заради Рекет и низа други корупции и непотизми на владата и правосудниот систем пред, евентуално, да се добие точен датум за преговори за членство во ЕУ.

Театарот истрага за Рекет добива нови димензии.

Жена му на оној Фрчкоски познат по тепање студентки по паркинзи, кого бившата сопруга го гонеше по медиуми за семејно насилство, познат по кодошења колеги, министер за надворешни кој со почнување на функцијата тргна и на курс за англиски, министер за внатрешни на кој ете некако му исчезнаа 25 килограми кокаин од депото, првиот полицаец на кој му го дигнаа претседателот на државата во воздух а никој не отвори истрага за тоа… на тој Фрчкоски жената е адвокатка на Катица Јанева!

Самото тоа што се презива Фрчкоска, и доаѓа од истиот дом на оној Фрчкоски, во случајов мириса на превара, трикови и незнаење пополнето со поза и цинизам. Основна цел на ангажманот е промоција на анонимна адвокатка, и ништо повеќе од тоа. Колку и да е Ирена Фрчкоска адвокат на Катица Јанева несомнено е дека мрачниот дух на оној Фрчкоски ќе го обележи нејзиниот деловен зафат.

Така и почна, со скандалот дека му давала информации на Заев за однесувањето на Катица Јанева во Шутка.
Не помина многу, а ете ја адвокатката Фрчкоска со нов шок: снимките што ги дал Орце Камчев во обвинителство, и кои темелно ја товарат Катица Јанева за учество во рекет – не важат, не биле доказ. Биле незаконски снимани. СЈО тера дури 171 кривичен предмет (!), од кои дваесетина се веќе во фаза на судење, а за СЈО, за ЈО и судовите приватни снимки од профитни амбициозни полицајци се законски иако се надвор од закон снимени. Над 250 луѓе се под истраги, обвиненија и на суд со незаконски снимени телефонски разговори, дури и сега кога СЈО веќе не постои.

И сето тоа се правда дека јавниот интерес бил над законот! Сега им текна на Заев и Фрчкоска дека јавен интерес не е над закон, кога нивните се цел на тој апсурд, а со години го поддржуваат тоа против сите нас, кои не сме од шталата на СДСМ. Јас и сега го тврдам истото: ако е јавен интерес кој никој официјално не го утврдува во постапка над закон – зошто ни се тогаш воопшто законите?!

И кој, според закон, утврдува што е висок јавен интерес?
Инаку Заев, оној Фрчкоски и женаму на тој имаат заеднички став за нивните криминали снимени ин флагранти: видео снимки не се доказ, почнувајќи од оние познати видеа каде што слушавме дека едно евро е за Вицето… А дири и со тие снимки, снимени во законска постапка како посебени истражни мерки, Заев доби ослободителна пресуда. Ако си од ДУИ или на функција во СДСМ, нема судење со пресудена вина за тебе. А Катица Јанева беше икона на СДСМ и заштитник на ДУИ.

Деновиве се врти снимка по социјални мрежи како истражител на СЈО тормози и зема изјава од сведок на сред село, додека сведокот е стиснат пред кола. Записник, пропис и такви формалности – јок!

Врвот е кога Фатиме во судница за предметот Монструм пушта како доказ разговор на гатачката Катерина и една од секретарките во кабинетот на премиерот Груевски! Дали сега е јасно какви ликови од СЈО потрошија 16 милиони евра, и завршија – на ѓубриште. А Катица и пред судење, и на судење и години и години потоа ќе биде гонета и прогонувана од жртвите. И не само таа. Жртвите ги има многу, богами, а траумите не се забораваат.
Жената на оној Фрчкоски, адвокатката, уште на старт тргна со утка. Бара Катица да излезе од притвор во Шутка и нуди гаранција имот. Предлогот и е одбиен како недозволен. Гатачката Катерина ми вика Катица мора да бара нов адвокат.

Во меѓувреме оној Фрчкоски, согласно неговата најава, со француски клуч работи на растурање на спомениците на славните низ Скопје, а после ќе го топи месингот за да изгради СДСМ со време нов, голем хошимински споменик на првиот македонски кандидат за нобеловец во најава, Зоран Заев. На споменикот ќе пишува дека Заев е хеленски јунак со бугарско потекло, а мали месингани статуетки од нобеловецот ќе се продаваат по панаѓурите во Бугарија. Тоа ќе биде дополнителен приход за Фамилијата, овојпат веројатно легален.

Споменикот ќе го гланца, и странските туристи со големината на нобеловецот во најава ќе ги запознава Никола Димитров, сега привремено на должност министер за надворешни работи.

После толку вовлекување и лигавење кај ќе стигне, од Љубчо Георгиевски, преку Груевски па сега и кај Заев редно е овие сега да му учинат со нова функција од меѓународно значење – раскажувач на ликот и делото на Заев, ако му пропадне планот за селење во Њујорк. Да бидеш цел живот полтрон како Никола Димитров кој се смее на глупите вицови од шефовите и се бутка до нив за да се слика, за да потпишеш на крај капитулација на сопствената нација без објавена војна од Грција, е историски исклучок кој ќе влезе во книги. Човекот, конечно, сатисфакција ќе добие од Заев.

Тоа не е случајно, и Никола Димитров е поврзан со Катица Јанева. Како што гледаме од објавениот исказ на сведок кој е рекетиран од Боки, Никола Димитров знаел за рекетот на овој сведок но, не го пријавил делото туку го викнал рекетираниот на разговор, да го прекандиса и смири. Сведокот не дошол кај министерот.

И сега тие што се поврзани со Катица Јанева – Никола Димитров, Шекеринска и премиерот Зоран Заев, тврдат дека идниот месец, или во декември, Македонија и званично ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тешко на таа Европа која дава датум за преговори на лица кои пред јавноста се длабоко сомнителни за учество или помагање во рекет, а првите две поглавја од преговорите се – за правниот систем и независно судство. Манекенот од ДУИ Бујар Османи, задолжен за ЕУ, со две истраги кај СЈО е посебна препорака за Европа.

Триото Заев-Димитров-Шекеринска повторно се обидува да ја излаже јавноста, но наоѓа на тврдо од другата страна. ВМРО сега има најсилен тим за надворешна политика откако постои Македонија: Александар Николовски, Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски се академија на науки за СДСМ.
Нема да има датум за преговори за Македонија, дури ни во декември, а проблем е корупцијата, контролата и злоупотребата на судството и обвинителството од оваа влада. И тоа не само што е јасно, туку наскоро од ЕУ ќе ни биде и решено.

До сега сите држави кои почнале преговори добиле и конкретен датум за почнување. За Македонија и Албанија ќе биде поинаку. Ќе добијат за прв пат во историјата на ЕУ условна покана со подготвителен период за датум за преговори со формирање принудна управа, борд од пет члена составен од претставници на европските судови, Греко и ЕУ министерства кој ќе раководи со обвинителството, судството, полицијата и министерствата за внатрешни работи, за правда…

Накусо, Македонија ќе биде под принудна управа барем две години.
Ќе не лажат дека сме добиле датум за преговори но – датум нема да има. Ниту прецизен датум, ниту свечена средба на македонската и европската влада (комисија) што е стандардна процедура кога некоја држава навистина добива датум за преговори.
Таа принудна управа за правниот систем во Македонија и Албанија ќе следи се што се случува, ќе дава препораки и наредби а ние ќе мора да ги спроведуваме.

После две години ќе даде извештај дали сме се превоспитале, и од тоа ќе зависи дали – дури тогаш, ќе добиеме конкретен и прецизен датум за почеток на преговорите.

СЈО беше создадено за воведување ред во корупцијата но, СЈО и владата станаа најкрупни учесници во корупцијата и сега ЕУ нема веќе доверба во македонски капацитети, па ги презема работите во свои раце. Така, Заев ја загуби нацијата и Македонија, а Владата и Фамилијата на Северна и донесоа принудна управа.

(23.09.2019)

Драган Павловиќ Латас

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Првата црвена линија позади која ќе застане мнозинството Македонци е ИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ СО КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ на политичарите кои ветиле, а не ја оствариле е ИТЕН ВЕТИНГ на постојните уставни судии.

КАРАКАМИШЕВА: ОСТАНУВАМЕ НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА!

Со оглед дека изборите веќе почнаа да се вртат како решение за спас на земјата, време...

Како вчера, кога сфативте дека го губите датумот за преговори со ЕУ, вашиот влог во играта во која инфантилно заигравте „ол ин“ и потоа завршивте „ол аут“.

ЧУКНЕТЕ ГИ ГЛАВИТЕ: “Вчера го изгубивте датумот, а утре, ако не ви дојде умот, ќе ја изгубите и власта”

Цели три години, другарчиња, ве критикувам и ви укажувам дека не сте баш на прав пат....

Неофицијално дознавам дека има луѓе во Собранието, од владејачкото мнозинство, кои се со намера законот итно да го вратат во Владата.

Решавај ти Европо за датумот, важно ние да си донесеме закон за дроги – и тоа со европско знаменце!

Ја знаете онаа народната – село гори, баба се чешла? Е нашава баба баш и не се чешла,...

И, тука би ја затвориле историската читанка и потсетување на чистите факти. Заклучок е дека за државата Македонија се бореле, заедно, и комунисти, и социјалисти и вмровци

ЛАТАС: “ЗОРАН ЗАЕВ со пенкало, избриша сопствена нација, историја и држава”

Еве, деновиве вадиме десет месеци од погребувањето на Македонија, на 11 јануари со колективно...