Потоа доаѓаме до Верушевски како сведок кој тврди дека тие разговори се дадени на СДСМ, дека тие разговори се снимени по нарачка на Верушески кај двајца народни херои кој ги прогласи Заев и јас тврдам дека тие разговори не се по потекло на државната безбедност односно управата за државна безбедност.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2020 15:00

Латас призна дека креирал политики со Груевски(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во емисијата на Алфа ТВ „Што не е јасно” со Горан Момировски, гостуваше македонскиот новинар Драган Павловиќ Латас во кој зборуваше за Зоран Верушевски, советникот на Заев за безбедност, како и за екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на кој во 2011 година во Вашингтон му беше понудено од страна на Хилари Клинтон да го промени името на Република Македонија во “Северна”.

Во интервјуто на Алфа ТВ, новинарот Латас зборуваше и за Никола Тодоров кој вели дека е играчот кој го убеди Груевски, Пржинскиот договор да биде таков како што е и да се формира институција, за кој многу луѓе беа против, не од лични причини туку од нивните сами принципи.

Доаѓаме до Верушевски како сведок кој тврди дека прислушуваните разговори се дадени на СДСМ и дека тие разговори се снимени по нарачка на Верушески кај двајца народни херои кој ги прогласи Заев. Јас тврдам дека тие разговори не се по потекло на државната безбедност односно управата за државна безбедност, вели Латас.

Путин сака да ги поткопа НАТО, Европската Унија и стабилноста на Америка, и има доста искуство од советско време, па до денес во подготовката на пропагандни кампањи. Постојат организации за создавање материјали, т.н. контент фарми, во места како што се Македонија, од каде се пуштаат лажни вести. Имаме Руси кои се претставуваа како Американци и ме напаѓаат мене лично. Тоа беше дел од нивните активности, со кои сееја недоверба и поделби“-изјава на Хилари Клинтон од октомври 2017 година за BBC.

На прашањето од Момировски за Никола Тодоров дека не е опфатен со ниту едно дело Латас вели: 

Опфатен е со две дела кои не се реализираат, опфатен е со ДИАМЕТ давање концесија, односно дозвола или лиценца за фирмата која со приватно партнерство ќе правеше дијализи, а втората ситуација е каде што ќе раскине договор со лондонска фирма за набавка на дигитални рендген апарати, вели Латас. Тој вели дека во двата случаи Тодоров не е спомнат, го нема тоа во јавноста дека е процесуиран во суд, но затоа секој ден Никола Тодоров збори против ВМРО, надополнува Латас.

За фазите и процесите за менување на името Латас одговори:

Јас сум со политиката на ВМРО ДПМНЕ поврзан од времето на 94-та година. Шеќеринска дома ми доаѓаше на времето кога беше нормална, после тоа кога свати дека сака да биде газда и во својата куќа и во својата партија не и требаа ни еден од другарите на мажот, па се испокара со сите нас. 

2011 година е година кога го смени светот. Нашето име е решено 2011 година. Некаде 15 февруари Никола Груевски со своја делегација оди во Вашингтон да разговара за името. Во тоа време Хилари Клинтон е државен секретар за надворешни работи. Груевски добил прием кај неа и потоа добива прием заедно со неа кај Бајден. Претходно оди кај Гордон кој е заменик потсекретар за Балканот и за Југоисточна Европа.

Тогаш на Груевски му се нуди промена на името, бидејќи на минатите избори ако се сеќавате во 2008 година ВМРО имаше 63 пратеници, 480 илјади гласа, вели Латас.

Јас овие информации ги знам од него и од таа делегација што беше во Вашингтон. На маса му се нуди промена на името. Во тоа време Путин не беше претседател, беше Медведев и тоа е година каде што Американците сакаа да ги решат сите свои стратешки цели во овој дел од светот, значи не е случајно избрано ни времето ни местото. Тоа беше Американски стратешки интерес од глобален карактер.

Хилари вели треба да се смени името, Папндреу е согласен да бидете “Северна Македонија”.

Во март истата година Дојче Веле за прв пат објави дека” Северна Македонија” е можна опција за промена на името.

Груевски тогаш го одбива разговорот, се се завршува со пцуење од државната секретарка на Америка која нема таков вокабулар и во тој момент се смета дека Хилари Клинтон е изневерена.

Таа имаше огромна амбиција во 2011, во мај таа година имаше протести во Египет, тогаш почнува и граѓанска војна во Либија, а непосредно почна и војната во Сирија. Бараше воена акција на Америка во Либија но не доби одобрение од министерството за одбрана.

Во март откако Груевски го одби овој предлог има една слика која можете да ја најдете на интернет каде што тој е сликан со Хилари Клинтон. Доколку го познавате доволно добро Никола Груевски, ќе видите дека по кисела фаца и по пропаднат човек од таа слика во овие години нема. Тој и вели на Хилари, „јас треба да се вратам во Скопје да разговарам со моите членови во партијата„ и таа тогаш збеснува, вели Латас.

Во март се случува деветтата средба по ред помеѓу Папандеру и Груевски, мислам дека е тоа на советот во Брисел. Тука прв пат Папандреу излегува пред Груевски и вели знам што сте разговарале во Вашингтон порачано ми е, ова за името треба да го решиме.

Во продолжение погледнете го целото интервју:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали.

Ласкова: Многу сум горда што придонесов во ослободување на оваа земја од лоши државници

Како посебен советник за култура многу е задоволна што во краток период културата...

Во Сиднеј, Новак имаше огромна поддршка од нашата дијаспора за време на финалето со Надал во финалето на АТП Купот, по што Шпанецот даде скандалозна изјава на штета на српските навивачи.

Срѓан Ѓоковиќ: Мојот син Новак кога ќе ја заврши кариерата ќе живее во Србија со својот народ!

Таткото на Новак Ѓоковиќ ги сумираше впечатоците по неодамна завршениот Австралија...

- Јас сум скромна личност. И да ми помогнат со чаша вода, јас ќе бидам задоволна - вели Атиџе, на која како протагонистка во документарец не ѝ следува хонорар.

Атиџе пред заминувањето за Америка: „Можеби Бред Пит ќе сака мене да ме запознае“

Атиџе Муратова (56) е спремна за Холивуд. Се надева дека Холивуд е исто така спремен за...

Ние скоро две години работиме со Владата и двете министерства. Намерата не е ние да докажуваме дека сме апсолутно издвоени од целиот систем, туку да се има координација и самостојност при одлучувањето во односните општи правила кои што се пропишани со системскиот закон.

ЏАФЕРИ: Со законот за државни и јавни службеници имаме обединет систем на државната служба

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери за Утрински брифинг...