Ете тргнаа маѓоничарските трикови на СДСМ, тргнаа и митинзите, СДСМ и ВМРО од Борис Трајковски покажаа дека се во добра кондиција.

Објавил: Сара Фемина | 23 декември, 2019 0:08

ЛАТАС: Шилегов изјави дека не е пијандура, и дека презира алкохол што е класично предизборно ветување

Фото/Текст извор: ©вечер

Изјавата на министерката за одбрана на државава, Шеќеринска, може да ги реши изборите: ќе укинеме употреба на пластични сламки и пластични чаши, рече Шеќеринска со што на сите им стана јасно зошто токму таа е задолжена за нашата војска и треба да седи рамо до рамо со големите генерали на асталот во НАТО.

Со укинување на пластичните цевки и чаши се докажавме пред НАТО и ЕУ, а сега сме сигурни дека одбраната на државата ни е во стручни раце.
Тоа дека власта на СДСМ и ДУИ ветиле 500 километра нови автопатишта, а изградиле 720 километри не би ја коментирал.

Да ги завршеа Скопје-Штип и Кичево-Охрид, проекти од владата на ВМРО, ќе ја поминеа магичната бројка од 1.000 километри нови автопатишта со што ќе бевме асфалтирани колку Автстрија.

Ете тргнаа маѓоничарските трикови на СДСМ, тргнаа и митинзите, СДСМ и ВМРО од Борис Трајковски покажаа дека се во добра кондиција. ДУИ имаше конгрес на кој рекоа дека тие одлучуваат кој ќе биде идна власт во Македонија што им се стари команди, очигледно не се веќе во трендот заради улежаност во сегашнава корупција, не се во тек со настаните и политиките последниве година-две. Да ги примаа по амбасади како порано ќе им кажеа дека од овие избори се очекува и долга, тешка опозиција на Али Ахмети и неговата компанија.

Екипата на Боки 13, за потреби на изборите, предводена од лихварот на подземното новинарство Сашо Орданоски (брат му делува во позадина) и Чом, со помош на Насер Селмани од ЗНМ, се појавија во нов ТВ проект, утринска програма на Слободен печат. Јеботе, уште ни шест месеци не и вадеа на 1ТВ, а веќе се премажија кај нов газда, и тој со сомнително потекло на парите.

Помеѓу останатото, Заев, Анѓушев и нивните воведоа нов вид корупција: се договараш со некого за бизнис со државата, му го раскинуваш плански договорот и му создаваш услови за милионска тужба на суд.

А мене, сепак, се уште не ми се верува дека сто посто на 12 април навистина ќе има избори. Прво, согласно традицијата некој од ДУИ треба да ограби кеш од Пошта, на поминување од комбе, како што секогаш бил редот. Да, последниве две години ДУИ се истури од кеш низ тендери па можда кешот од Пошта и не им е веќе приоритет.

Второ, Уставен суд се уште не се реши дали амнестиите се легални или не, што за иднината на Зоран Заев и Фамилијата е од клучно значење. Нема ни амнестијата за терористите од Диво Насеље, иако Заев во Тирана викендов им вети дека “нема да има проблем околу тоа“. Трето, соросоидите ги нема на улица, напротив, сега младиве излегуваат и бараат чист воздух и одговорност од Шилегов и Заев, што е удар на кој не се надеваа… Просто речено, ми ги нема појавите кои најавуваат избори.

Или, СДСМ веќе дигнале раце од борба за власт откако сите околу нив дигнаа раце од СДСМ?!

Од друга страна гледам Фондот за иновации, оној што досега испумпа над десет милиони евра за потреби на СДСМ, нивните медиуми и соросоидите најавуват нов конкурс за своите. Собранието се спрема да донесе 120 нови закони.

РЕК Битола тукушто додели нов тендер за 35 милиони евра на истите кои и до сега “од убедување“ го помагаа Вице, Фамилијата и СДСМ. Шилегов изјави дека не е пијандура, и дека презира алкохол што е класично предизборно ветување. Заев дава интервју за српската ТВ Пинк кое го заклучува со признание дека неговата прва љубов била Србинка, од Горњи Милановац. Министерот без обврски, Роберт Поповски, набрзина подели скоро милион евра за печатени медиуми по свој избор, сите до еден мегафони на власта…
Сето тоа укажува дека друже Заев сепак се спрема да се спаси што може да биде спасено и искеширано пред Црвенковски и Верушевски да му го предадат на тацна на Мицковски на понатамошна, судска, постапка.

Затоа Заев упорно одбива да се изјасни по две битни прашања, предлози од Даскалот Мицкоски: и двајцата да се кандидираат за мандатари на идна влада, не за пратеници во Собрание, па кој ќе победи седнува на чело во Илинденска, а кој ќе загуби си оди комплет од политика. И, втор предлог, да се дополни законот за аболиција според кој функционер кој бил или е на власт не може да се аболицира. Заев молчи. Неговите останаа без зборови.
А има и од што да се плаши.

Екипата на Боки 13, за потреби на изборите, предводена од лихварот на подземното новинарство Сашо Орданоски (братму делува во позадина) и Чом, со помош на Насер Селмани од ЗНМ, се појавија во нов ТВ проект, утринска програма на Слободен печат.

Помеѓу останатото, Заев, Анѓушев и нивните воведоа нов вид корупција: се договараш со некого за бизнис со државата, му го раскинуваш плански договорот и му создаваш услови за милионска тужба на суд. Судиите на Заев пресудуваат во корист на партнерот, државата плаќа и парите се делат. Не е тоа само случајот ФЕНИ, Пуцко Петрол во Карпош, утре хеликоптерите на Жути со заработка од 72 милиони евра… тоа е масовна појава.

Најнов обид е преку пресуда на Фијат Цаноски да му се доделат најмалку 40 милиони евра за урната карабина за која СЈО не се ни обиделе да извршат вештачење и утврдат вредност на изграденото пред уривање. Просто, судот ќе досуди дека се уривало незаконски, а Фијат потоа ќе тужи и ќе добие 40 милиони евра. Сите среќни и задоволени. А мангата Шилегов прв проба со овој трик.

Он, месец дена по седнувањето во фотељата градоначалник, најави дека градот Скопје ќе исплати 5 милиони евра да се урнат двете галии-ресторани од Вардар. Градежна вредност на галиите е два милиони евра, три остануваат за делење. Се запил па се заборавил. Заев, Анѓушев, Филипче, Дончев… се покажаа поефикасни.
Амнестија, или аболиција, се крои и за проневерата на 200 милиони евра со лажен стечај на Те-То после кој акционерите останаа без пари, државата плати за стечајот а Фамилијата и руските газди го поделија пленот. Ако кон ова се додадат уште тужбата пред меѓународни судови за 400 милиони евра заради лажниот стечај кој го менаџираа Анѓушев и друже Зоки за ФЕНИ, и негов трансфер кај бугарските партнери на Вице Заев, амнестијата станува главен приоритет на власта.

Ова се огромни бројки, стотици милиони евра корупција од влада во држава од два милиони жители, која не контролира четвртина од својата територија и население. Да се случи во моќната Америка некој да стои зад корупција од 200 милиони долари, со тој во политиката е завршено. Затоа Пендаровски, Анѓушев и Заеви не се иселиле иако им било мерак. Никаде нема берба како овде кај нас.

Почнавме со изјавата на минстерката за одбрана чиј главен аргумент и стручност се укинување пластични цевки и чаши, па да завршам со нејзиниот колега, поранешен функционер на СДСМ Еско Рахиќ кој сега е шеф на затворот во Шутка. Еско рече: сметам дека на некои мои сопартијци треба да сум им домаќин (во Шутка). Верувам деке е тоа новогодишна желба и честитка од Еско до СДСМ.
И така, дојдовме до Нова година.

Празнични денови се, олабавете малку и вие а и ние со вас од политика. Помалку или повеќе се е јасно и бегајте од политички натегања деновиве додека сте меѓу своите, софрата и муабетот нека почне и нека заврши за вас и меѓу вас, политичарите ќе си го најдат чарето и без вас. Ама, што и да правите, каде и да сте фрлете подалеку тоа пластичните цевчиња и чаши затоа што Рада Шеќеринска ќе ве обвини дека сте против ЕУ, НАТО, дека сте заостанати и небањати, дека ве командува режимот, дека имате перут, дека жената ви е курва, синот наркоман а ќерката лезбејка, дека сте слуги на Путин и руски шпиони, дека заради вас Македонија стои во место… и сето тоа заради цевчињата и чаѓите.

Па ако веќе се откажавме од нација, јазик, држава, од плати, пензии, болници… заради Заев и Шеќеринска, сега за едни цевчиња и чаши ли ќе се мислиме.
Се читаме после празниците, а за тоа време ќе бидеме заедно во мислите.

Драган Павловиќ Латас
(23.12.2019)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Марш. За што? За „правда“. Одозгора на тога, што би рекол Заев, за конечни правни разрешници за поранешните предмети на СЈО. И одозгора на тога, за поддршка на законот кој, види богати, не содржел скриена амнестија за никого. А бе ова вие сериозно?!

ГЕРОСКИ: Вие само марширајте денеска, ви се гледа дека чизмите ви се валкани!

Со деловничко спорно гласање, Собранието вчера, на својата последна седница во овој...

Власт потоната во непотизам и корупција каква Европа до сега нема видено, дури ни во најтемните зони на континентот. Власт од која јавно се срамат и најрадикалните јуришници на нивната Шарена револуција.

ЛАТАС: Ниту еден мандат Црвенковски не го заврши со ваков дебакл, и ваков срам

Готово е. Заврши власт од која Македонија ќе се срами, пере и која ќе ја злопамти со...

Најголем сомнеж фрла ноторниот факт дека овој закон, така како што е срочен, се обидува да регулира материја за која е „надлежен“ еден друг закон.

ГЕРОСКИ: Нека ви е на здравје законот на сите што ќе си обезбедите неказнивост за вашите злодела!

Не знам дали овој парламентарен состав, пред самото распуштање, ќе го усвои новиот...