Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти коишто доаѓаат од повеќе држави.

Објавил: Сара Фемина | 13 октомври, 2019 10:17

ЛА ВЕРИТА ДЕНЕС: “Заев сакаше да го замени Македонскиот јазик- Европа го откри и го стопира”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Македонија, после летните објави на Ла Верита за непобитните докази за корупција во владата, почнува да се урива ѕидот на прикривањата (на делата) и стравот што ја гушеше нацијата.

Многу бизнисмени смогнуваат храброст да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, а од ден во ден тој има се поголеми потешкотии по однос на контролирање на настаните коишто се акумулираат на какофоничен начин. Последниот удар на неговиот, речиси минимален, меѓународен углед што му остана, но најмногу на стабилноста на неговата коалиција, ќе му дојде од извонредно демократската институција на Стариот Континент, односно од Венецијанската Комисија.

Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти коишто доаѓаат од повеќе држави. Во сред корупциски скандал, Заев побара од комисијата да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени законот за двојазичност донесен во 2018. Законот за двојазичност, со кој албанскиот по важност станува еднаков со македонскиот, иако албанскиот етникум е малцинство во државата, ја претставуваше основата на договорот за коалиција со албанската партија ДУИ со којашто Заев успеа да дојде на власт во 2017, но најбитно, тоа беше првиот чекор за социо-политичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името. Македонија да се направи и албанска држава, како што репортиравме изминативе години во нашиот весник, е начин за олеснување во иднина за потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија, што овие денови со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач за обединување со Албанија, станува се’ пореална стратешка опција на масите во многу кабинети. Ла Верита, ексклузивно, успеа да дојде до се’ уште необјавениот нацрт извештај подготвен од Венецијанската Комисија.

Во тие 25 страници од документот од 27 Септември, критиките кон реформата посакувана од Заев, се жестоки, иако е користен дипломатски речник. Меѓународните експерти, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен. Според Комисијата, со оглед на тоа што Уставот на Македонија гарантира права за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот Договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадник на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека во случај последниов да се применува коректно, е повеќе од доволен за европските демократски стандарди.

Во 30 од 80 општини во државата, вклучително и главниот град Скопје, албанскиот е веќе сега де јуре официјален јазик. Исто така, член 48 од Уставот ги гарантира сите политички, социјални и културни права за немнозинските заедници. Парадоксално, Комисијата, повикана од Заев со цел да го забетонира неговиот кредибилитет и да го потврди постоењето на владеење на правото во Македонија, го обвинува премиерот дека не го почитувал токму владеењето на правото, не земајќи го во предвид широкиот опсег на уставноста, донесувајќи нов закон без соработка со опозицијата, односо по скратена постапка во парламентот без консулатција со граѓанското општество. Експертите , во параграфот 33 од извештајот, отворено го осудуваат тој начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на владата. Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за транспарентност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно. Соочувајќи се со реалноста на фактите, Комисијата ги отфрла изборите на Заев, поддржувач на отвореното општество протежирано од Џорџ Сорос.

Венецијанската Комисија всушност забележува дека е апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците, е малцинство.

Земајќи го за пример судскиот систем, експертите го оценија законот како лудост што ќе го колабира системот, односно до исчезнување на минималните гаранции за владеење на правото. За да може да стане дефинитивен, односно јавен, извештајот требаше да биде дискутиран од претставници на Советот на Европа и на Македонската влада, овој 10ти Октомври во Стразбург. Зоран Заев, во обид да го прикрие меѓународниот политички удар, и со цел да избегне криза во владата со албанците, забрани на било кој македонски претставник да присуствува на состанокот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Метеоролозите предвидуваат уште повеќе дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, Сицилија и другите Јужни региони.

ВЕНЕЦИЈА ПОД ВОДА: Поплавени кафани, продавници, затворени градинки, но дождот не мисли никако да запре!

Туристите и жители на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го преплави поголемиот...

Од полицијата е потврдено дека Тишма е уапсен заедно со два албански државјани.

Нарко БРАТСТВО ЕДИНСТВО разбиено во Атина-Црногорец и двајца албанци на чело на мафијата: Запленети 104 кг кокаин и 800.000 илјади евра!

Црногорскиот државјанин 45-годишниот Милан Тишма, кој важи за лице блиско на криминалната...

Си Џинпинг се очекува во вечерните часови да пристигне во Атина, а во текот на утрешниот ден ќе биде примен од неговиот грчки колега, а ќе оствари средба и со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

ГРЦИЈА СПРЕМНА: Кинескиот претседател Си Џинпинг вечерва доаѓа во официјална посета на Грција!

На покана на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, претседателот на Народна Република...

Кога се работи за програмата на производство на авиони пета генерација, можеме да изјавиме дека првиот сериски авион Su-57 спремен е за испорака на трупите.

РУСКО ЧУДО ОД АВИОН СПРЕМЕН ЗА АКЦИЈА: Воената авијација го добива првиот авион пета генерација MADE IN RUSIA!

Првиот сериски произведен борбен авион пета генерација Su-57, спремен е за испорака на...