И сега кога Заев ги изврши наредбите, тој од марионетата е оставен сам на себе.

Објавил: Сара Фемина | 19 октомври, 2019 9:04

ЛА ВЕРИТА ДЕНЕС: “Макрон се осветува и го блокира проширувањето на ЕУ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Европскиот Совет уште еднаш уште еднаш ѝ го негираше правото на Македонија, земја-кандидат уште од 2005та година, да отпочне преговори за членство во ЕУ. Македонија повторно добива ладен туш и сфаќа дека е само еден спореден проблем во меѓународните односи.

Довербата дадена на марионетата Заев од страна на Унијата, на неговите реформи и на ветувањата за неизбежната европска иднина, за време на Договорот од Преспа, преку кој следуваше промена на името, се растура како “кула од карти” поради реалната политика – базирана на интереси. Мотивиран од неговата лична битка против Претседателката на европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, веднаш по одбивањето на француската кандидатка Силви Гулар од страна парламентот во Брисел, Макрон реши да се бори и да се спротистави на досиејата блиски до Берлин.

Макрон, заедно со своите сојузници ќе го одложи финалното гласање за Комисијата, барем за еден месец. Во меѓувреме се надева дека ќе оствари концесии коишто би му гарантирале подобра позиција во идното реформирање на Европа. Губитник и во внатрешната, и во надворешната политика, Макрон игра на карта на одбивање преговори со Македонија, праќајќи сигнал до Германија дека ќе го блокира проширувањето на нејзината сфера на интерес на Балканот.

Од друга страна пак, фон дер Лајен наследи од Јункер и Могерини еден лошо предводен процес, македонскиот, доделен на Заев којшто успеа, преку своето криминално делување, да ги закопа и последните шанси на државата да биде примена од ЕУ, за време на овој собир. Поддржувајќи го во доагањето на власт, Могерини му има ветено на Заев апсолутна власт. Договорот од Преспа со Грција, за да се надмине децениската блокада од Атина, беше претставен како последен потребен услов за да се почне процесот на преговори. Заев, базирајќи го својот легитимитет на тој договор, ја деконструира и ограби цела нација.

Макрон, заедно со своите сојузници ќе го одложи финалното гласање за Комисијата, барем за еден месец.

Потпомогнат од неговата недопирливост од страна на меѓународниот систем којшто го беше поставил како неопходен извршувач на лудиот план за декомпонирање на Државата, тој преферираше да изгради уште полош систем на корупција од тој на неговиот претходник Груевски. Како што покажа “Ла Верита” во последните неколку месеци, а ќе има можност и во наредните денови да потврдиме со нови откритија, со Заев исчезна владеењето на правото, судскиот систем ги следеше политичките цели, а само мрежата на интерес на Заев и самиот тој, смееја да маневрираат со економијата на Државата, уништувајќи и она малку што беше ефикасно.

Целото владеење на Заев, изминатите две години беше презентирано надвор како голем успех. Но, сега Франција и Брисел ја открија вистината, односно дека сѐ било всушност политички договор, игра на интереси, обработена зад грбот на македонскиот народ, со помош на некој кој лесно се контролира. Матното минато на Заев го олесни договорот со неговиот претходник Груевски, кој му ја остави “на тацна” целата држава, притоа наоѓајќи безбедно засолниште во Будимпешта.

Кога Могерини побара договор на власта и опозицијата за формирање на СЈО со цел истражување на криминалите на претходната власт, Катица Јанева, сега во затвор, беше зачудувачки единственото заедничко име на листите на потенцијални кандидати подготвени од Груевски и Заев. Целта на меѓународната заедница во поддршката на Заев и оддалечувањето на Груевски беше со цел да се отплати долгот кон Грција за нанесените штети за време на економската криза, и исто така да се оневозможи на Балканот еден хипотетички националистички судир, гледајќи во една многу горда Македонија, точка на фокус за идни соперништва меѓу бугарите, албанците и грците.

И сега кога Заев ги изврши наредбите, тој од марионетата е оставен сам на себе. Тврдите закони на реал-политиката ќе го проголтаат. Формално, Макрон се повикал токму на политичката корупција во пораст, под водство на Заев, за да дополнително ги одложи преговорите. Во секој случај, отсекогаш имало многу главни градови кои од различни мотиви се противеле на влезот на Македонија во ЕУ. Контраверзното решение за името со Атина, секако не ги смирува бугарските и грчките апетити. Грција, обештетена со договорот од Преспа за штетите нанесени од Франција и Германија за време на економската криза, сега покриена од Макрон, продолжува со својата двојна игра блокирајќи ја Македонија во својот пат кон демократизацијата, а Макрон ја спречува огромната моќ на Германија во регионот.

Во овој случај, на македонскиот народ му остануваат како опција само предвремени избори за барем да минимално влијание за државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено вчера на ваквата одлука на Апелација реагираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Фрчковска: Рускоска со заканите врши притисок врз судот и неговите одлуки

Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева во изјава за „360 степени истакна дека одлуката...

Според Синдикатот, конкурсот се распишува во сензибилен период кога веќе е договорен датум за предвремени парламентарни избори со што се отвара простор за политичка злоупотреба на редовниот циклус на ротација во дипломатско-конзуларните претставништва.

За да нема политичка злоупотреба Димитров мора го стопира огласот за избор на дипломати

Македонскиот дипломатски синдикат денеска изрази загриженост поради објавувањето...

Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

„СДК“: Апелација ќе ја пријави Русковска за заканувачки СМС порака до судија

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството...

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

ЕМОТИВНО ИНТЕРВЈУ НА ЗАЕВ ЗА ЊУЈОРК ТАЈМС: Се кршам одвнатре, тешко ми е!

Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ иазјави дека светлината...