Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел.

Објавил: Сара Фемина | 20 октомври, 2019 8:10

ЛА ВЕРИТА: Со стоп на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми- нова истрага за корупција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев.

Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел.

Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.

На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев. Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев.

На мажот на Ременски, под палката на Заев станат шеф на единицата за антитероризам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба – АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК. Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме летоска, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација – Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки13, поддржани од политичко-судскиот врв. Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во месец Ноември 2018г., платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки13.

Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.

Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност. За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага. Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите.

Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

Макрон, заедно со своите сојузници ќе го одложи финалното гласање за Комисијата, барем за еден месец.

Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.

Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заеви рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.

Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк.

По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.

Пишува: Ларис Гајзер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Од 27 септември, 6 проценти од последователните тестови покажаа подтип AY.4.2, се наведува во британскиот извештај за јавно здравје. Во извештајот се наведува дека проценките може да бидат неточни бидејќи било тешко да се следат мутациите на овој вид на вирусот.

Нова мутација на Делта вирусот

Научниците ширум светот внимателно го следат подвидот на многу заразна варијанта...

Овој пораст на инфлацијата се должи на порастот на цените на бензините од 1,2 проценти минатиот месец во споредба со август, со што цената на тоа гориво достигна 42,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Инфлацијата во САД највисока од 1991 година

Порастот на потрошувачките цени во САД во септември малку ги надмина прогнозите, бидејќи...

Гилберт за британските медиуми посочи дека вакцината против овој вирус сè уште не е на повидок, и смета дека би било „фатално“ доколку овој вирус се развие во насока да се шири со иста брзина како и ковидот!

Светот ќе се соочи со далеку посмртоносна пандемија

Водечки светски научник и творец на вакцина тврди дека светот ќе се соочи со далеку...