По повод оваа пријава, нашиот член на Президиумот, Јована Мојсоска, денес пред ОЈО, одржа прес – конференција, со цел да ја информира јавноста.

Објавил: Перо Милчин | 25 декември, 2020 19:12

Левица поднесе кривична пријава против Нина Ангеловска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес Левица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска.

Причината за пријавата е тоа што Ангеловска, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од  Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители

По повод оваа пријава, нашиот член на Президиумот, Јована Мојсоска, денес пред ОЈО, одржа прес – конференција, со цел да ја информира јавноста.

Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата.

За ова кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба.

Дополнително и Антикорупциска комисија отвори предмет против поранешната министерка, каде констатира етичка и професионална одговорност кај пријавената. Ова е јасна оценка за нарушениот кредибилитет и интегритетот на Ангеловска,  како носител на јавна функција и поради тоа сметаме дека треба да се повлече од извршување на сите јавни функции.

Потенцираме дека самата постапката е фарсична, каде се констатира само ЕТИЧКА, а не и ПРАВНА одговорност и поради тоа нашите пратеници во координација со спикерот ќе ја повикаат претседателката Билјана Ивановска на првите пратенички прашања, кои ќе се одржат на крајот на месецов.

Левица ја разгледува можноста да ја прошири кривичната пријава и против други поранешни или актуелни службени лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на нашиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ...

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината...

Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.

Голема акција на МВР во Гевгелија, запленета голема количина на дрога

Во Гевгелија во тек е акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога. Неофицијално...