
Вести
Избори 2020
По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати, Политичката партија Левица – преку овластеното лице во ДИК – досега поднесе 425 ПРИГОВОРИ за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија,стои во соопштението од партијата.
Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.
Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани,посочуваат од Левица.
Дополнително, ја известуваме јавноста дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.