Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Објавил: Перо Милчин | 22 април, 2021 20:53

Левица со поддршка на семакедонскиот протест: Упaдот во Собранието беше испровоциран од влacта која го погази Уставот и законите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПРОТЕСТОТ ЗА 27-МИ АПРИЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ДА СЕ БАРА ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРАВДАТА!

Упадот во Собранието на толпата народ, кои на 27 aприл 2017 година протестираа против коцкањето со националните и државни интерси, беше испровоциран токму од власта, која тогаш, со газење на Уставот и законите и нелегалниот избор на собранискиот спикер, ги најави политиките, чие етапно спроведување подоцна драстично го загрози суверенитетот и унитарниот карактер на Републиката.

Од денешен аспект, после толку прекршувања на Уставот, безбројните погазувања на утврдените процедури на Собранието и целокупната партизираност на државните институции, како дело токму на гарнитурата која ја узурпира целокупната власт во државата, сосема јасна е нејзината улога на ГЛАВЕН ДИРИГЕНТ во политичкиот прогон, кој се случи врз осудените, како учесници во тој немил настан.

Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица го поддржува протестот, организиран од македонската дијаспора, како револт за неправедно осудените од тој случај. Оттука, оставаме нашите членови и симпатизери, на овој сенароден протест да се вклучат по своја волја, притоа апелираме, тој да не се искористува за партиски цели и прибирање на политички поени, туку со чиста совест, без партиски симболи, да се бара целосно и доследно спроведување на правдата.
Потенцираме дека, уставобранителите, како осудени за учество на настаните од 27-ми Април, се гонети како извршители, додека вистинските виновници, нарачателите, не само што се на слобода, туку некои од нив се дури и наградени со милионски тендери и разно-разни бенефиции. Оттука, тие (осудените) се само жртви на погрешните и непромислени политики на претходната власт, предводена од дуото Груевски-Мијалков.

За крај, укажуваме на тоа дека властодржците во Македонија имаат совршено развиени методи за контаминирање на протестите и нивно искористување, при што тие стануваат цел сама за себе. Затоа, револтот на народот не треба да биде истрошен по улиците, туку тој треба да биде политички канализиран кон артикулација на една заедничка опозициска платформа со единствена цел – пад и одговорност на оваа ненародна власт, стои во објавата на Фејсбук на политичката партија Левица.

Тука можете да го погледнете целосниот статус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот...

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

МИЦКОСКИ: ТРУДОТ И РАБОТНИКОТ НЕ БИЛЕ НИКОГАШ ТОЛКУ ПОГАЗЕНИ КАКО СЕГА

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија...

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските...