Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?

Објавил: Стојче Бушин | 23 ноември, 2020 19:45

Левица утре поднесува 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè подрастично се влошува. Секоја промена на власта донесува нови партиски послушници на работни позиции кои честопати се креирани само за исполнување на партиски долг кон нив, што доведува до ново пустошење на буџетската каса, ново нанесување неправда на граѓаните на Македонија кои не можат да добијат квалитетни и навремени услуги од така изобличениот и оптоварен систем. 

Со намера што поквалитетно да ги сервисира потребите на партиските послушници, а без најмалку грижа за реалните потреби на граѓаните, на крајот од јуни 2018 година власта направи измени во ЗРО според кои обезбеди вулгарна нетранспарентност при огласувањето слободни работни места, скратувајќи го рокот за огласување од пет на три работни дена, а со цел да се осигура дека не оние кои се способни, туку тие кои се партиски подобни ќе ги пополнат работните места. 

Меѓутоа, изгледа и тоа не им е доволно, бидејќи деновиве сведочиме на огласи за вработување во училишта (над 60 огласи!) во кои не се почитуваат одредбите од чл.23 ст.1 а.6 од ЗРО, каде што се предвидува огласот да трае три работни денови, а не само еден работен ден!?

И тоа во исто време кога на министерката на надлежното министерство устата ѝ е полна со приказни за реформи, за кои планира дополнително да ги задолжи граѓаните на Македонија со кредит од 25 милиони долари кај Светска банка, додека во пракса наставата се импровизира, а илјадници деца едноставно се исфрлени од системот за образование. 

Од локалниот огранок на Левица – Прилеп, вчера беше објавена скандалозна слика од документ – јавен оглас за вработување (наставник по економска географија), кадешто се гледа дека огласот трае само три дена – и тоа петок, сабота и недела, односно еден работен ден!

Трудовиот сектор на Левица го истражи случајот и дојде до информации дека вакви има повеќе десетици случаеви. Поради ова, утре Левица до Државен инспекторат за труд, ќе поднесе 61 Барање за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со кршење на чл. 23 ст.1 а. 6 од Закон за работни односи.

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа?

Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...