Прва награда за Кокан Димушевски на биеналето Тактонс во конкуренција на 120 изведувачи

Објавил: Македонка Димкин | 11 декември, 2019 22:38

Легендата од Леб и Сол, Кокан Димушевски покажа што знае!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На седумнаесетото по ред, културно меѓународно биенале Тактонс во Нови Сад, најважниот настан за тон мајсторите од регионот, македонскиот композитор, продуцент и клавијатурист Кокан Димушевски, повторно е добитник на првата награда, во силна конкуренција од преку 120 врвни изведувачи.

Пред престижната награда на Тактонс, оваа година Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ на Кокан Димушевски му ја додели и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“. Истата претставува највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.

Во организација на Радио Телевизизија Војводина, од 6 до 9 ноември, учество зедоа најзначајните РТВ центри од Европа, најдобрите тон мајстори со своите тонски снимки. Кокан Димушевски, за разлика од останатите, го покажа своето повеќедимензионално творештво – не само како тон мајстор, туку и како автор на дело и како изведувач.

Оваа награда за него е петта по ред, односно во изминатите 10 години тој во континуитет е добитник на прва награда или гранд при на ова значајно музичко случување. Тактонс, се одржува од 1983-тата година. На секои две години им овозможува на најуспешните тон мајстори од Европа, професионално вреднување на техничкиот квалитет на звучните записи врз основа на однапред единствено дефинираните субјективни и објективни параметри.

Како најнаградуван продуцентДимушевски беше поканет да одржи работилница и да ги презентира своите достигнувања на полето на креативната примена на современите технологии во областа на радиото и телевизијата. Успехот на овој сестран музичар го вреднуваа и Би-Би-Си и Радио Франција кои му доделија плакети за неговите заслуги на полето на радиофонското обликување.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Градот Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот Фолтин.

СКОПЈЕ СЕ ПРИКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА (EUROPEAN MUSIC DAY)

Скопје годинава ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката...

Нашиот талентиран музичар Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска и континуирано работи за многу од најголемите институции како Операта на Малме, театарот НС град Стокхолм, универзитетот на Гетеборг и универзитетот на Лунд.

Благој Ламњов заедно со Шведска филхармонија ја изведуваат македонската песна “Сербез Донка”(ВИДЕО)

Македонскиот кларинетист, Благој Ламњов, кој живее и работи во Шведска на прекрасен...

Васил ќе биде македонскиот претставник кој ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави нашата држава на овогодишната Евровизија во Холандија.

Македонија конечно со светски ХИТ: Васил Гарванлиев со моќно видео на ЕВРОВИЗИЈА(видео)

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев ќе ја претставува нашата земја на овогодинашната...

Музиката, дури и како хоби, заслужува сериозна работа и посветеност. Бидејќи подразбира создавање некаква убавина. Јас така и приоѓам.

ИНТЕРВЈУ СО ПЕПА ДИМИТРОВА: МУЗИКА ПОТПИШАНА СО КВАЛИТЕТ

На музичката сцена се појави пред околу 6 години и за тој период зад себе има значаен...