Кои се следните планови на Бастијан не е познато, ама има информации дека можеби ќе добие одредена улога во германската фудбалска федерација, меѓутоа тоа допрва треба да биде потврдено.

Објавил: Сара Фемина | 8 октомври, 2019 19:26

ЛЕГЕНДО, ФАЛА ТИ ЗА СЕ: Бастијан Швајнштајгер замина во пензија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот германскиот репрезентативец, Себастијан Швајнштајгер одлучи да и стави крај на својата активна фудбалска кариера.

„Драги навивачи, дојде време да ја прекинам мојата кариера на крајот на сезоната. Им благодарам на моите екипи Манчестер, Баерн, Чикаго и секако, Германија. Секако, и благодарам на мојата сопруга Ана Ивановиќ за нејзината голема поддршка.

Малку ми меланхолија фактот дека го напуштам фудбалот, но едвај чекам нови работи. Ќе останам лојален на фудбалот. Благодарам за сè, ваш Басти“, напиша Германецот на Инстаграм.

Бастијан Швајнштајгер е германски фудбалер. Во брак е со српската позната тенисерка Ана Ивановиќ.

Бастијан Швајнштајгер е германски фудбалер. Роден е на 1 август 1984 во Колбермор кај Розенхајм, на југот на Баварија.

Го викаат уште и „Басти“ (Basti) и „Швајни“ (Schweini). До 1992 играше за ФК Обераудорф, за наредните шест години (1992 — 1998) да ги помине во СК 1860 Розенхајм. Од 1998 игра за ФК Бајерн Минхен од Минхен. До половина сезона 2009/2010 одигра вкупно 207 натпревари за Бајерн и притоа постигна 21 гол. 

Првпат заигра за Фудбалска репрезентација на Германија на 6 јуни 2004 во Кајзерслаутерн, на натпреварот против Унгарија. Во дресот на репрезентацијата, каде го носи број 7, играше 72 пати и погодуваше 19 пати. Швајнштајгер е познат по својот добар однос со соиграчите на теренот.

Има своја фан колекција (маици, капи, шолји, стегачи и др.) која може да се најде на интернет, на неговата официјална страница. Неговиот брат Тобијас е исто така професионален фудбалер. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

„Граѓаните“ влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути.

Манчестер Сити му даде пет гола на Вотфорд: За 18 минути ја испиша историјата во фудбалот(ВИДЕО)

Манчестер сити го победи Вотфорд со 8:0 на стадионот „Етихад“ во рамки на шестото коло...

Поради овој натпревар, симпатизерот на „црвено-белите“ Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот на омилениот клуб.

Српската легенда Новак Ѓоковиќ помести тренинг за да ја гледа ЦРВЕНА ЗВЕЗДА!

Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот...

По 6 неделната терапија, херојот Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, доби огромна поддршка.

ЛИЦЕТО НА ХЕРОЈОТ: Синиша Михајловиќ во солзи се врати на клупата на Болоња!

Синиша Михајловиќ вечерва се појави на клупата на Болоња, за да биде дел од премиерниот...