недела, 8 декември 2019

MK/ EN/ DE



Премиерот најави засилени контроли и дека има истрага за злоупотреби со лекови што се даваат на рецепт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јули, 2019 23:47

Лекари издавале фиктивни рецепти, лековите се продавале и надвор од Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата за пратенички прашања изјави дека лекари издавале фиктивни рецепти, а во организација со аптеки лековите биле давани бесплатно на лица кои потоа ги продавале во државата, но и во странство.

Премиерот најави засилени контроли и дека има истрага за злоупотреби со лекови што се даваат на рецепт.

Заев одговори на прашањето кое подолг временски период ги мачи грашаните кои лутаат од аптека до аптека и не можат да го најдат потребниот лек, доколку тоа не го сторат првите 5 дена од месецот.

Заев истакна дека спроведените контроли покажале злоупотреби и дека се прави комплетно информатички систем на контрола а истовремено најави целосно решение на проблемот.

„Дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено со добро организирана форма – аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓето без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тоа се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било период од месецот“, рече премиерот Заев.

Извор здравство.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Мајлон Абот“ (Mylon Abot), а 1.000 вакцини од „Санофи“ (Sanofi).

Почнува бесплатно вакцинирање против сезонски грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип, со кое се опфатени постари лица на возраст...

Ако се разгледаат информациите на Бирото за јавни набавки паѓа во очи и податокот дека во последниве два месеци министерствоо има донесено и преку 70 одлуки со кои се поништуваат веќе почнати јавни набавки, така што ако и овие биле завршени, ќе имало уште повеќе набавки.

ВРТОГЛАВА СУМА : 39 милиони евра потрошило Министерството за здравство за јавни набавки

Институтот за граѓански комуникации неодамна излезе со податок дека од анализирани...

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

НОВА ЕПИДЕМИЈА НА СИПАНИЦИ: Во Крива Паланка и Ранковце е прогласена епидемија на варичела

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial