Албанскиот принц Лека Зогу Втори предложи Албанија и Косово да се обединат како една монархија бидејќи на тој начин националното единство би било идеално за двете страни

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 9:36

Лека Зогу: “Западна Македонија треба да влезе во голема Албанија како уставна монархија!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за “Дејли” принцот потенцир, дека откако кралското семејство се вратило од прогонство во 2002-ра година неговата работа била да ги острани бариерите помеѓу албанците и да пропагира обединување на албанците на Балканот.

Тој вели дека “Голема Албанија” како конституционална монархија може да обезбеди поголема политичка стабилност од сегашниот политички систем. Тој ја посочи Велика Британија и други европски монархии како пример.

Триесет и шест годишниот принц Лека Зогу Втори е единствено дете на албанскиот престолонаследник Лека Зогу кој почина во 2011-та година.

Лека Зогу беше приврзаник на идејата за формирање на Голема Албанија во која освен Косово ќе влезат и Прешевската Долина во јужна Србија западните делови на Македонија како и делови од Црна Гора и областа Епир во Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан