четврток, 9 јули 2020

MK/ EN/ DE



За првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 10:37

Лекот „Спинраза“ конечно во рацете на малиот херој Јане

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако цели две години малиот Јане Велковски, кој има само 11 години а веќе во Македонија е прогласен за херој вчера конечно му се исполни најголемата желба.

За првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.

Јане Велковски стана симбол на борбата на пациентите со оваа болест вчера го доби лекот кој се корсити за третман на децата и на возрасните пациенти кои боледуваат од оваа ретка болест .

Велковски е голем навивач на македонската фудбалска репрезентација, неговиот сон е да игра фудбал, се надеваме дека ќе му се исполни.

Селекторот Игор Ангеловски посвети  порака токму до него.

Малиот Јане за првпат го добива лекот Спинраза. Тој e нашиот иден фудбалер и амбасадор. Вчера, за првпат во нашата држава беше даден лекот кај десетмесечно бебе и тоа се чувствува добро. Лекот за сите 7 пациенти со спинална мускулна атрофија е обезбеден. Им го подобруваме квалитетот на живот на нашите најмали.

Веста за добивање на лекот на својот официјален Фејсбук профил ја објави и  министерот за здравство Венко Филипче.

„Малиот Јане за првпат го добива лекот Спинраза. Тој e нашиот иден фудбалер и амбасадор. Вчера, за првпат во нашата држава беше даден лекот кај десетмесечното бебе и тоа се чувствува добро. Лекот за сите 7 пациенти со спинална мускулна атрофија е обезбеден. Им го подобруваме квалитетот на живот на нашите најмали.“ – напиша министерот покрај фотографијата, на која позира заедно со Јане.

Во земјава се регистрирани 7 пациенти до 18 години со СМА тип 2 и 3.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

Д-р Даниловски: Вирусот се пренесува и преку воздух – вака да се заштитите од вирус што лебди

Истакнатиот епидемиолог проф. Д-р Драган Данаиловски на својот Фејсбук профил се огласи...

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот...

На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

Тачи: Погрешно сум интерпретиран, не реков дека ќе има војна доколку нема Албанци во новата Влада

Во интервју на „Слободен печат“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи,  ја објаснува изјавата...

Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Филипче: Нема потреба од враќање на полицискиот час!

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека...