
Македонија
Вести
Обвинителката Ленче Ристоска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК, објави слободен печат!
Има три категории на оштетени лица, дел биле таргети, дел биле соговорници на таргетите, а дел биле со судски налог, но биле следени и надвор од законската регулатива, истакна обвинителката Ристоска.
Таа прочита за секој од оштетените колку денови бил прислушуван, па така на пример сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Новинарот Васко Попетрески бил „таргет“ 954, 222 и 1.588 дена, на три телефона.
Обвинителката ги наведе и сведочењата на јавниот обвинител од Битола, Стевче Тасевски како и адвокатот Трајче Арсов, кој изјавил дека секојдневната доверлива комуникација со клиенти која била незакпнски прислушкувана му нанела голема професионална штета.
Таа го спомена и Хари Костов во однос на прислушкувањето на банкарските гаранција за клиенти од банката кои сакале да аплицираат на тендери. Бизнисменот Зоре Темелковски своевремено претседател на македонско-бугарската комора изјавил дека бил сигурен дека бил предмет на следење во еден момент кога му се јавиле од МВР со насоки да не ги критикува економските политики во државата.
– Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси, изјави денеска при завршните зборови обвинителката Ленче Ристоска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.