Јахтата ќе се одржува над водата благодарение на хидроглисери, кои имаат функција слична на крилата на авионите

Објавил: Македонка Димкин | 9 февруари, 2022 11:18

Летачката јахта ќе стане реалност во 2023 година

Фото/Текст извор: ©Zenith

Зад проектот стои швајцарскиот стартап Jet ZeroEmission кој се здружи со партнерите Zenith Marine и DWYN на развој на нов пловечки објект без емисија на гасови.

Летачката јахта ќе биде претставена следната година во Дубаи, а нејзиниот прв лет се очекува во текот на COP28 климатската конференција во ноември, 2023 година во ОАЕ.

Неконвенционалната јахта ќе има футуристички изглед, со електрични мотори напојувани од водородни горивни ќелии. Овие ќелии ќе генерираат електрична енергија со мешање на водород и кислород.

Јахтата ќе биде долга 10 метри и ќе има место доволно за 13 лица, вклучително и капетанот. Тоа по што е посебна од останатите суперјахти на пазарот е што ќе може да лета/лебди над површината на водата.

Јахтата ќе се одржува над водата благодарение на хидроглисери, кои имаат функција слична на крилата на авионите. Можат да ја подигнат јахтата до 0,9 метри над водата. Ќе биде опремена со автоматски софтвер што овозможува лесна контрола на брзината и висината на движење.

Ќе може да достигне брзина од 74 км/час, пишува Interesting Engineering.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...

Брегу за Радио Слободна Европа изјави дека граѓаните со тоа ќе имаат повеќе пари во џебот, оние што би се потрошиле доколку ги плаќаат тие сметки во регионот поради тарифите за роаминг.

Од први јули се укинува надоместокот за роаминг за земјите од Западен Балкан

Надоместокот за роаминг во земјите од регионот целосно ќе исчезне од 1 јули, што ќе...