Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло, кон крајот на денот со умерена локална облачност.

Објавил: Стојче Бушин | 8 мај, 2020 8:59

ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 30 степени!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална, кон крајот на денов и со умерена облачност.

Особено Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло, кон крајот на денот со умерена локална облачност.
 
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време, односно сончево, повремено со умерена локална облачност.

Локално на моменти ќе има и повеќе облачност но врнежи не се очекуваат. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и за време на викендот, и тоа особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

На почетокот од следната недела во најтоплите предели од државава температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дож и услови за ретки грмежи.

ВИКЕНД МЕТЕО: Нестабилно време со врнежи од дожд низ целата земја!

Денес во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови...

Максималните дневни температури, се до крајот на оваа недела ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 24 степени.

ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Во текот на денот се очекуваат грмежи низ нашата земја!

До крајот на денов, како и во текот на следните денови во нашата држава времето ќе биде...

Токму ова е поради значително постудениот воздух кој од северните предели на Европа се спушта кон нашата држава, врнежи од снег на планините освен кај нас има и во регионот, односно во соседна Србија и Босна!

СЕ ВРАТИ СНЕГОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Заврна снег на Пелистер(ФОТО)

Вистинска зима на крајот на мај. Вчера снежна покривка го обеле Пелистер, објави метео-...