Просечниот број на нови инфекции минатата недела беше 18, додека вкупниот број на активни случаи со коронавирус 380.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2021 9:57

Летувајте во Црна Гора: Не ви треба вакцина ниту ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Црногорскиот совет за борба против коронавирусот ги укина скоро сите епидемиолошки мерки во земјата од вчера, откако Црна Гора забележа најмал број нови случаи од јули 2020 година.

Просечниот број на нови инфекции минатата недела беше 18, додека вкупниот број на активни случаи со коронавирус 380.

Четиринаесетдневната кумулативна инциденца е 53,86 и е најниска од септември 2020 година. Според овој индикатор на болеста, Црна Гора е подобра од туристичките земји Шпанија, Кипар, Грција и Турција“, рече Игор Галиќ, директор на Црногорскиот институт за јавност здравје.

Тој, исто така, посочи дека прва доза вакцинира примиле 30 проценти од возрасната популација на Црна Гора, додека четвртина од возрасната популација во земјата е целосно имунизирана.

Од вчера сите угостителски објекти можат да работат без работно време, додека до сега им беше дозволено да работат до полноќ.
Дозволена е и работата на ноќните клубови, но влез е дозволен со негативен тест за коронавирус или потврда за вакцинација. Истите правила важат за казината на кои повторно им е дозволено неограничено работно време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...