Конкурс за нови композиции

Објавил: Стефан Каневче | 13 мај, 2019 11:01

Лешочки Фолк Фест 2019

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, на 27 август 2019 година, во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи новото издание на фестивалот на македонската песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2019„.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз. како и богатото историско минато на македонскиот народ.

Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер. Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна.

Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги аранжира, печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку своите стручни комисии да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармониски и текстуални корекции.

Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.

Рокот за доставување на песните е 30 јуни 2019 година.

Песните може да се испратат на електронската адреса lesockifolkfestival@yahoo.com

Дополнителни информации и контакт на телефоните 070 262 355, 076 493 783 и 078 318 298

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската...