Со оваа победа Ливерпул обезбеди и Суперкуп на УЕФА против тимот на Челзи, кој во финалето на Лига Европа славеше против Арсенал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 јуни, 2019 23:18

ЛИВЕРПУЛ Е ШАМПИОН НА ЕВРОПА- ГО ГРАБНАА ТРОФЕЈОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Фудбалерите на Ливерпул не грешат двапати и во своето второ финале по ред успеаја да се искачат на кровот на фудбалска Европа и да го грабнат трофејот од Лигата на шампионите.

Тимот од „Енфилд Роуд“ по шести пат го освои најпрестижното европско клупско натпреварување, откако во големото финале на „Ванда Метролопитано“ со сигурни 2-0 го совлада големиот англиски ривал Тотенхем.

Судејќи по последните меѓусебни натпревари, кои изобилуваа со многу возбудувања, отворен фудбал и голови, се очекуваше вистински фудбалски спектакл, но англиските гиганти тотално разочараа во Мадрид го одиграа можеби едно од најлошите и нај досадните финалиња за титулата во ЛШ. Тотенхем како да се истроши во полуфиналето против Ајакс и одигра катастрофално, додека Ливерпул поучен од ланскиот пораз од Реал Мадрид не дозволи нова бламажа и играше онолку колку што беше потребно за голем триумф, кој му го донесоа првата ѕвезда Мохамед Салах и резервистот Дивог Ориги.

На еден час пред мечот решена беше најголемата дилема во последниот период и Маурицио Почетино се реши од првата минута на терен да истрча со својата прва ѕвезда Хари Кејн.

Друштво во нападот на англискиот голгетер му правеа Сон, Али и Ериксен кои во првите 45 минути одиграа далеку под своите очекувања. На спротивната страна Јирген Клоп одлучи да стартува со проверени сили и со Матип на местото на Ловрен во дефанзивата.
Финалето започна како што посакуваа сите фудбалски фанови, особено оние на Ливерпул, со гол уште по само 120 секунди игра. Муса Сисоко несмасно играше со рака во својот казнен простор, па Скомина без многу размислување покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Мохамед Салах, кој биеше по средината на голот за водство на Ливерпул од 1-0.
Сепак, раното отворање на резултатот не донесе отворен фудбал во продолжението, пред се заради фантастичната координација на средниот ред на „црвените“, предводен од Хендерсон, Фабињо и Вајналдум, кој навремено ги решаваше сите напади на противникот и ја држеше контролата на мечот во свои раце.
Така по едно додавање на Хендерсон, десниот бек Арнолд од далечина се закани кон голот на Лорис, додека неговиот колега од спротивната страна Робертсон ја имаш најзрелата шанса за нов гол на Ливерпул, но Лорис со чудесна одбрана спаси нова капитулација. Токму двете шанси на дефанзивците на „црвените“ беа единствените возбудувања во првиот дел од дуелот во Мадрид.
Почетно без ниту една измена го започна второто полувреме, а неговите пулени нешто помотивирано тргнаа во продолжението и Деле Али во 52. минута ја имаше првата посериозна шанса за израмнување, но Ван Дијк беше на висината на задачата и навремено блокираше. Само некоја минута подоцна се закани и Вертонген со глава, но биеше над голот.

Наместо Тотенхем, Клоп прв се реши да го освежи тимот и за краток период направи две измени. На местото на Фирмино и Вајналдум во игра влегоа Ориги и Милнер, кои донесоа дополнителна цврстина во редовите на Ливерпул.

Аргентинскиот менаџер на клупата на „спарси“ дури во 66. минута го направи првиот потег и шанса му даде на херојот од полуфиналето против Ајакс, Лукас Моура, а токму бразилскиот ас внесе свежина во офанзивата и во 78. минута на маки го стави Алисон Бекер, но голманот на Ливерпул не дозволи израмнување.

Во самиот финиш од мечот бразилскиот голман повторно беше брилијантен, откако со крајни напори успеа да го одбрани ударот на Ериксен од слободен удар. И кога се очекуваше крај на мечот, резервистот Ориги се најде на вистинско место во вистинско време и ги постави конечните 2-0 за Ливерпул.
Со оваа победа Ливерпул обезбеди и Суперкуп на УЕФА против тимот на Челзи, кој во финалето на Лига Европа славеше против Арсенал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

„Граѓаните“ влегоа во историјата на натпреварувањето како први што успеале да постигнат пет гола во само 19 минути.

Манчестер Сити му даде пет гола на Вотфорд: За 18 минути ја испиша историјата во фудбалот(ВИДЕО)

Манчестер сити го победи Вотфорд со 8:0 на стадионот „Етихад“ во рамки на шестото коло...

Поради овој натпревар, симпатизерот на „црвено-белите“ Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот на омилениот клуб.

Српската легенда Новак Ѓоковиќ помести тренинг за да ја гледа ЦРВЕНА ЗВЕЗДА!

Ѓоковиќ го поместил својот тренинг, само во живо преку тв-екраните да го проследи настапот...

По 6 неделната терапија, херојот Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен од болница и веднаш се упати кон стадионот на кој сосема очекувано, доби огромна поддршка.

ЛИЦЕТО НА ХЕРОЈОТ: Синиша Михајловиќ во солзи се врати на клупата на Болоња!

Синиша Михајловиќ вечерва се појави на клупата на Болоња, за да биде дел од премиерниот...