Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

Објавил: Сара Фемина | 23 ноември, 2020 13:09

ЛИДЕРИТЕ НА Г20 ВЕТИЈА ДЕКА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји.

Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ денеска објави дека нејзината експериментална вакцина против коронавирус покажала просечна ефикасност од 70% во спроведените големи испитувања на компанијата, што е последно од неколкуте испитувања за вакцини ширум светот, кои ги објавија неколку други компании овој месец!

Земјите во развој следната година „во мамутска операција” ќе добијат речиси две милијарди дози вакцини против Ковид-19, соопшти агенцијата на ОН за деца – УНИЦЕФ.

Организацијата соопшти дека соработува со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација (СЗО).

– Ќе соработуваме на овој план за да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција, рече Етлева Кадили, директорка на одделот за снабдување при УНИЦЕФ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Велика Британија се подготвува да ја добие и четвртата вакцина, бидејќи француската фармацевтска компанија Валнева за неколку дена ќе започне да произведува 60 милиони дози.

Светот започна со масовна вакцинација на населението: Во Македонија ни трага ни глас од вакцините

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 95 милиони, а од последици од заразата...

Баровите се полни, гостите пијат, јадат и пеат, а на едно видео можете дури и да ги видите како ја исфрлаат полицијата.

УГОСТИТЕЛИТЕ ПОЛУДЕА ВО ИТАЛИЈА: Ја исфрлија полицијата надвор, играат и пеат во кафеаните

Иако Италија сè уште е под строги мерки против вирусот корона, рестораните и кафулињата...

Претставничкиот дом гласаше за отповикување на американскиот претседател со 232 гласа „за“ и 197 „против“.

ТРАМП ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА: Отповикан е по втор пат, Сенатот ќе одлучува да го разреши американскиот претседател

Доналд Трамп ќе остане претседател до 20 јануари откако лидерот на републиканското...