Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, исто како и Бин Ладен чие тело во 2011 година, беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.
Абу Бакр ал-Багдади беше убиен за време на американскиот напад во Сирија во неговиот камп во северозападна Сирија.
Се уште нема информации за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото на лидерот на ИСИС, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен.
Според исламската религија телото на починатите се погребува во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но според неофицијалните информации на светските новински агенции САД не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите.
Инаку Доналд Трамп пред два дена објави дека лидерот на ИСИС е ликвидиран. Вчера Курдската милиција во Сирија „Единици за народна заштита“ соопшти дека во заедничка акција на американските и нивните сили на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.