Смена на министрите од редовите на ДУИ

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 16:21

Лика дефинитивно ја напушта Владата, еве кој ќе го замени ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Како што објави Магазин на 6 март оваа година, Хазби Лика нема да биде министер во новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а дека негов наследник ќе биде лекарот Атила Реџепи, близок човек на Али Ахмети малку познат за јавноста но добро познат на партиските структури и поширокото членство на ДУИ. 

Денеска и порталот плусинфо објави дека Хазби Лика ќе ја напушти Владата. 

Вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика е со една нога надвор од Владата откако во Собранието денеска помина првата фаза од измените на Законот за Влада, со кои се предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. 

Атила Реџепи е еден од поискусните теренци на ДУИ и е член на претседателството на ДУИ и поранешен претседател на тетовскиот разгранок на партијата. Задачи на Реџепи во повеќе изборни циклуси  биле организација на општинските и локалните штабови на партијата. Важел за човек кој имал секојдневен контакт со членството и токму поради тоа неговата задача би била преку новото министерство  да ги задоволи апетитите на незадоволните крила во ДУИ.

Лика дефинитивно ќе биде разрешен од функцијата по изборите, односно на 1 јуни кога законот ќе стапи во сила. Засега не се знае дали со новото Министерство ќе раководи ДУИ, но е јасно дека тоа нема да биде Лика. На чело на новото Министерство атакуваат од помалите етнички заедници.

Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими, на расправата за измените на законот рече дека формирањето на ова ново Министерство е неопходно и произлегува од анализата на Рамковниот договор од 2015 година.

Како што рече Алими, поддршка за формирањето ново министерство дале сите партии.

Пратеникот од ДУИ Артан Груби, се заблагодари на парламентарните партии бидејќи дале поддршка за овие законски измени, појаснувајќи ги надлежностите на новото Министерство.

Истакна оти Рамковниот договор е веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација.

Рече дека сите надлежности на Секретаријатот се пресликани во Министерството, но дека се додадени и нови.

Пратеникот од Партијата за Движење на Турците Енес Ибрахим истакна оти е потребно ова ново министерство, во духот на мултиетничкото општество, но посочи дека со предлог-законот не е прецизирано дали ќе се однесува на правата на помалубројните етнички заедници.

Зеќири Рамчиловиќ од Бошњачката партија рече дека помалите заедници треба да го предводат новото Министерство.

Лика вчера реагираше дека не е информиран за трансформацијата на Секретаријатот и во изјава за Плусинфо побара средба со лидерот Али Ахмети и со премиерот Зоран Заев.

По ова ДУИ реагираше дека е срамота за вицепремиерот ако не знае за трансформацијата на Секретаријатот, бидејќи тоа е дел од партиската и од владината програма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Работните групи на власта и опозицијата од денеска почнуваат преговори за системските закони

ВМРО бара гаранции дека ќе предлага државен Јавен обвинител, па после ќе преговара за судбината на СЈО ?

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште не ги започнале средбите за надминување...

СЈО беше основано како резултат на политички договор на 4 партии, а сега само Заев лично има интерес за статусот на Катица Јанева

На лидерската средба кавгата за СЈО ќе биде изговор за недобивањето на датум за ЕУ!

Владата е свесна дека ЕУ нема да донесе одлука за Македонија да ги започне преговорите...

Според неофицијалните податоци, повеќе од 500 илјади македонски државјани и лица со потекло од земјата живеат во странство.

Дали знае Република Македонија да ја искористи својата дијаспора?

Начинот на кој Ирска ја организираше својата дијаспора и ѝ пронајде место на домашниот...