Инаку името на обвинителката Стефанова неколку пати се слуша во второто видео, кога Боки 13 и Камчев разговараат и Камчев му вели дека му се јавил Чифлиганец и барал дуќани за Стефанова, потоа нејзиното име се слуша кога Боки му се јавува на Камчев кое време да дојде да ги земе парите, и кога му вели имаш поздрав од жената.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 август, 2019 11:15

Лиле Стефанова тврди дека ништо не е вистина во објавената снимка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска италијанскиот весник Ла Верита објави ново шокантно видео за случајот „Рекет“, во кое се споменува името на Лиле Стефанова, обвинителка од Специјалното јавно обвинителство таа за Слободен Печат истакна дека  ништо не е вистина во снимката која ја објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ Стефанова.

Инаку името на обвинителката Стефанова неколку пати се слуша во второто видео, кога Боки 13 и Камчев разговараат и Камчев му вели дека му се јавил Чифлиганец и барал дуќани за Стефанова, потоа нејзиното име се слуша кога Боки му се јавува на Камчев кое време да дојде да ги земе парите, и кога му вели имаш поздрав од жената.

Стефанова вчера откако беше објавена првата снимка во италијанскиот весник, за ТВ 24  изјави дека не само што не знаела дека постои таква снимка, туку и дека била згрозена.

Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.
Стефанова вчера повтори дека сите документи за притвор и решенијата во случајот „Империја“ ги потпишувала Катица Јанева.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...