Се уште има живи сведоци за македонските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики.

Објавил: Перо Милчин | 22 јули, 2019 14:28

Поповска контра ЗАЕВ: “Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска, се огласи на социјалните мрежи во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, дека Македонија присвојувала светска, балканска и туѓа историја.

Актуелната пратеничка од ДОМ, Лилјана Поповска напиша статус во која вели дека никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја.

–Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници. Се уште има живи сведоци за македонските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики.

Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болка што им го нанеле, напиша Поповска на фејсбук.

Лилјана Поповска е македонска политичарка и поранешен претседател на партијата ДОМ. Лилјана Поповска има дипломирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (органска хемија), каде што се има стекнато и со титулата магистер по технички науки. Покрај македонски, зборува и англиски и словенечки јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Груевски во својата објава негира дека се работело за принцип на оф-шор, туку дека идејата била да се привлечат мултинационалните финасиски компании своите главни седишта да ги префрлат во Македонија, а Скопје да стане финансиски центар како Лондон.

Груевски: Сакавме Македонија да функционира како комбинација на Англија и Луксенбург

Поранешниот премиер Никола Груевски кој моментално се наоѓа во Будимпешта на својот...

Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.

ДУРЛОВСКИ: Се додека лојаноста кон Македонија ни е на прво место, ќе се избориме за подобар живот!

Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против...

Јас сум веќе три години под прогон и на маргините на случувањата, искрено би ви дал поддршка како што вие ми дадовте мене на 5-ти октомври 2017 година до денес!

ПАНЧЕВСКИ: Колешки судии, оваа БУДАЛА ЗАЕВ ви ги скрши кичмите и интегритетот за него сте искористени инструменти

ЗОРАН ЗАЕВ и криминалната банда од обвинителство и Антикорупциска ќе ги проверувале...

Информациите за незаконските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет и корумпирањето на носители на државни функции е само ПОСЛЕДНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕПОЛНИ ЧАШАТА!

ВАНКОВСКА ДО СЈО: ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ, СЕ ЧУСТВУВАМ ГНЕВНА И ПОНИЖЕНА ПОРАДИ СИРОМАШНИТЕ

Информациите за незаконските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет...