Во разговор за МКД.мк Лимани вели дека веќе имал контакти со политичките партии и дека некои од нив размислуваат да го поддржат во неговата борба да биде избран за градоначалник на Кичево.

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2021 10:19

Лимани: Се обидуваше Ахмети да ме разубеди, ама реков дека е доста од ДУИ

Фото/Текст извор: ©мкд

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се обидел неколку пати преку посредници, меѓу кои и преку Муса Џафери, да го убеди Фатмир Лимани да се врати во партијата и да не поднесува независна кандидатура за градоналник на Кичево, но не успеал во тоа.

Во разговор за МКД.мк Лимани вели дека на Кичево му е доста од неодговорни политичари, од корупција и кражби, од депонии, глутници опасни кучиња, од ширење на дрогата меѓу младите.

Време е вели, проблемите да се решаваат, младите да не бегаат во странство и етничката припадност да не биде најважното нешто.

Кандидатурата на Фатмир Лимани за градоачалник на Кичево, за што деновиве ги собра неопходните потписи од граѓаните како поддршка за неговиот независен настап на локалните избори, ја разбуричка не само политичката сцена во Кичево, општина за која веќе по традиција се бијат тешки битки помеѓу големите партии од албанскиот и од македонскиот политички блок, туку се чини дека внесе и неизвесност во веќе започнатите партиски преговори и пазарења на национално ниво.

Или, дојде како изненадување неговата кандидатура, ако се има предвид дека тој е и роднински поврзан со лидерот на ДУИ Али Ахмети – Лимани е негов внук.

Во разговор за МКД.мк Лимани вели дека веќе имал контакти со политичките партии и дека некои од нив размислуваат да го поддржат во неговата борба да биде избран за градоначалник на Кичево.

Средби се остварени и со претставници на Алијанса и со претставници на Алтернатива, но и со големите партии од македонскиот блок и од власта и од опозицијата.

Кичево го знам во душата, јас овде живеам, ги знам проблемите на општината, за разлика од досегашните власти на кои на прво место им е корупцијата, а не инвестирање и подобрување на животот. Ако од една куќа краде само еден човек, таа кога – тогаш ќе падне, а да не зборуваме за општината, за државата. Од таква неодговорност би пропаднала и една Швајцарија, не па ние овде. Затоа, кон Кичево мора да се однесуваме како кон сопствениот дом”, вели Лимани.

Тој нагласува дека и досега не молчел. Во ДУИ ги предупредил дека е доста веќе од двете децении раководење само од лични и партиски интереси. И кога повторно тимот на Ахмети се решил за досегашниот градоначалник Дехари, истапил и кажал: Доста!

Како тоа го доживел Али Ахмети, на кого Лимани му е внук?

Се обидуваше два – три пати да бидам разубеден. Не, не директно, туку преку луѓе, зашто јас ја затворив мојата врата. Ми беше пратен и Муса Џафери, кој мене ме поддржа во кандидатурата, за тој да ме наговори за средба и да се вратам во ДУИ. Но, не прифаќам. Доста беше”, вели Лимани.

Го прашавме како ги коментира изјавите дека со неговата независна кандидатура може да се случи распределба на гласовите на граѓаните Албанци и на тој начин да победи кандидат Македонец, посочувајќи му го и коментарот во таа насока на Беџет Муслиу, директорот на информативната агенција на албански јазик „Журнал”.

Не, доста е од такви ставови. Треба да се стават ‘локални’ очила. Во Кичево живеат Албанци, Македонци, Турци, Власи и Срби и други. Сите сме еднакви граѓани и на сите нѝ е потребен подобар град за живеење. Кого и да прашате дали сака ајдук за градоначалник од неговата етничка припадност, или сака градоначалник од друга припадност, ама кој ќе ги засука ракавите, знаете каков одговор ќе добиете. Важно е само тој душата да ја дава за општината и за граѓаните. Досега можевме да видиме дека наместо да носат овде инвестиции, тие ги носат во швајцарии, америки… Ние остануваме да живееме со проблемите, со депониите кои не се дислоцираат, со ѓубрето насекаде расфрлано, со глутници опасни кучиња по улиците иако има пари предвидено за стационар за миленичиња, нема ништо од тоа. Здравството ни е во колапс, пациенти нѝ умираат додека уште не ја поминале Стража не стигнувајќи до поголемите болници во земјава. Воспитно образовениот живот е катастрофа, јас објавив дека 60 отсто од младите имаат контакт со дрогата. Веднаш потоа имаше акција и беа фатени 250 кг дрога. А човекот што бил поврзан со таа дрога е советник за образовение! Значи, советник на Дехари”, нагласува Лимани.

Сепак, му забележавме дека ДУИ се ребрендира во „зелена партија” и дека дел од проблемите за Кичево кои тој ги наведува сега се дел од програмата на таа партија со ветувања за нивно решавање. Лимани се насмеа, вели, има разлика меѓу „зелени” во умот и „зелени” во вистинска акција.

„И Али Ахмети и други се дојдени од Швајцарија, всушност ние ги вративме овде, се знае по кој пат дојдоа.

Но, овде состојбите се многу поразлични. Не ги викнавме да дојдат за да нѝ ги избркаат младите кичевчани во Швајцарија, туку тие да имаат подобар живот и да останат тука. Да сакаа Кичево зелено да го направат, само во последниве 8 години ќе го направеа светло зелено. Имам еден столб во мојата програма – подобар живот за помладите генерации и од тој столб не отстапувам”, вели Лимани.

Тој прогнозира дека овие избори ќе донесат изненадувања и дека ќе има, вели, чудни резултати. Верува дека на крајот, ако изборите бидат чесно спроведени, народот ќе си ја донесе одлуката давајќи му глас на оној за кого ќе процени дека е чесен и дека знае како да ги решава проблемите. Верува дека гласачите нема да се раководат од етничката припадност на кандидатот, ниту од партиската припадност, зашто вели, рејтингот на партиите е тргнат кон нулата.

Инаку, за кандидатурата на Лимани и од Алијанса за Албанците и од Алтернатива потврдуваат дека имале контакти со него во функција на локалните избори.

Од Алијанса за МКД.мк велат дека засега стојат на ставот да не навлегуваат во „клановските битки во ДУИ” и дека не размислуваат за поддршка на Лимани со цел партијата на Али Ахмети со здружени сили да биде поразена во Кичево. Во Алтернатива се анализираат состојбите за Кичево и не добивме поконкретен став.

Од друга страна, интересно ќе биде прашањето како евентуалниот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса/Алтернатива за одредени општини, ќе се одрази на изборниот резултат во Кичево.

Засега нема детали од тие преговори, освен дека сѐ уште не се дојдени до лидерско ниво и дека во тие разговори повеќе е навлезена Алијанса за Албанците

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...

Премиерот Ковачевски објаснува дека Владата подготвено и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со над 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории.

Ковачевски за „То вима“: Го ублаживме ценовниот шок и реализираме проекти за енергетска независност

За војната во Украина и последиците што ги носи, премиерот Димитар Ковачевски во...