Меси не го заврши овој меч, откако беше исклучен по конфликт со Гари Медел за што дополнително доби казна од еден натпревар.

Објавил: Перо Милчин | 3 август, 2019 9:58

ЛИОНЕЛ МЕСИ ЈА ДОБИ КАЗНАТА: Аргентинецот суспендиран на три месеци!

Фото/Текст извор: ©спорт1

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси доби тримесечна суспензија, поради коментарите за наводна корупција по завршувањето на неодамнешната Копа Америка.

Аргентинскиот репрезентативец и еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, доби тримесечна суспензија од челниците на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) поради коментарите за наводна корупција по завршувањето на неодамнешната Копа Америка.

Истовремено, тој ќе треба да плати и дополнителни 45.000 евра за изјавите дадени по мечот за трето место против Чиле, како и за одбивањето да го прими бронзениот медал.

Меси не го заврши овој меч, откако беше исклучен по конфликт со Гари Медел за што дополнително доби казна од еден натпревар.

Ваквата казна значи дека Меси ќе ги пропушти пријателските натпревари на Аргентина против Чиле, Мексико, Португалија и Германија, како и првиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2022 година.

Следниот меч за националниот тим ќе може да го одигра дури во март 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Тој стујардесата ја пцуел, а инцидентот прераснал во големи размери што морала да реагира и полицијата која го исфрлила од летот.

ЕКСКЛУЗИВНО: ТРЕНЕРОТ АНТИЌ УТРОВО ИСФРЛЕН ОД АВИОН: Ја пцуел стујардесата и патниците, па го однела ПОЛИЦИЈАТА

Тренерот на Динамо од Врање, Драган Антиќ направи инцидент во авионот откако реагирала...

Дефанзивецот пред една година боледуваше од рак на тестисите и мораше да мине низ интензивна хемотерапија. Тејлор се врати на тренинзите во клубот во септември, а сега го доби и првиот повик во тимот.

ХЕРОЈ: Од хемотерапија до првотимец на Јунајтед – тешките денови денес МИНАТО

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Макс Тејлор (19) за прв пат е повикан во сениорскиот...

Таа на фотографијата се прегрнети, а Миха крева три прста, традиционалниот српски поздрав, и под неа напиша емотивни зборови.

Миха излезе од болница од лекување со српски поздрав: Неговата сопруга објави емотивна фотографија

Синиша Михајловиќ излезе во болница по втората фаза од лекувањето. Него пред клиниката...