Синот на екслидерот на СДСМ и претседател на РМ, Бранко Црвенковски, се вика Љупчо Црвенковски. Бранко има и ќерка која се вика Марија. Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски стана дедо. Неговиот син Љупчо викендов доби син, кој го доби името Бранко.
Љупчо дипломирал на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Не користи социјални мрежи и скоро никогаш го нема во јавноста.
Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје.
Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во 1985 година.
Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата.
Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.
На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата.
За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.