Извори од МВР за МКД.мк информираат дека на 5 декември лани била склучена Рамковна спогодба, а една недела подоцна, на 11 декември и Договор нарачка склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи.

Објавил: Весна Петровска | 20 јануари, 2020 13:39

Лични карти и пасоши со „ С. Македонија“ ќе се издаваат од септември

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Новите документи за македонските граѓани со името С. Република Македонија ќе почнат да се издаваат од септември годинава.

Извори од МВР за МКД.мк информираат дека на 5 декември лани била склучена Рамковна спогодба, а една недела подоцна, на 11 декември и Договор нарачка склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи.

Според МВР, завршена е набавката и испораката на постојни видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој) и набавката и испораката на нови видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој) за период од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со имплементирање на измените предвидени во Законот за употреба на јазиците и Уставните измени.

До септември, кога ќе почне издавањето на лични документи со новото уставно име, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години. Во овој период во пасошите со „Република Македонија“ важечки е печатот на кој пишува: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на С.Република Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.

Цигарите повторно поскапуваат- кутиите до крајот на годината стануваат двојазични

Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања...

Тендерот за набавка на учебници за наставата по странски јазици – кој заврши на 03.06.2020 и е уникатен затоа што се расплинува на набавка на нови учебници за СИТЕ 8 одделенија – треба по сите законски прописи да биде разрешен, односно доделен во рок од 30 дена.

Над милион евра ќе се потрошат на тендер за нови учебници кои секоја година се набавуваат

На само шест работни дена од одложениот почеток на учебната година, наставниците и...

Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ!

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ! Во текот...