Поранешна пратеничка од СДСМ фатена како поткупува гласачи вчера касно во Неготино. Станува збор за Лолита Ристова.
Три лица се обиделе да влезат во објектот на општина Чаир каде што се чува изборен материјал. Како што информираат од полицијата, лицата биле забележани од дежурниот полицаец кој го обезбедувал просторот додека се обидувале да ја отворат предната врата по што избегал.
-На 07.05.2024 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – известија од МВР.
И претседателот на ФФМ бил фатен во купување на гласови во Кичево.Партиски активисти СДСМ вчера во Крива Паланка биле фатени при поткуп со бонови за гориво.
Активистите меѓу кои е и актуелниот градоначалник дале исказ во полициска станица откако полициски службеници на лице место ги фатиле како се обидуваат да вршат изборен поткуп.
Предходно во Охрид се приведени четири лица за систем за лажирање во првиот круг на претседателските избори, а на други двајца им се одземени мобилните телефони од страна на обвинителството затоа што биле фатени во купување на гласови. Сите шестмина лица од Охрид се партиски поддржувачи на ДУИ.
Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење на бонови. Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.
На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.
На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.
Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.
Од МВР информираат дека во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.