Во изјавата се посочува дека ова ги надминало проценките, очекувањата и конкуренцијата.

Објавил: Стојче Бушин | 20 јули, 2020 14:05

ЛУДИЛО ВО ХРВАТСКА: Во јули 1 милион туристи ја посетиле Хрватска- најмногу од Германија, Австрија, Чешка и Словенија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во првите 14 дена од јули, повеќе од 950.000 туристи престојувале во Хрватска, што е 55% од минатогодишните резултати во тој период, соопшти Хрватското здружение за туризам (ХУТ).

Во изјавата се посочува дека ова ги надминало проценките, очекувањата и конкуренцијата.

ХУТ проценува дека туристичките резултати во јули се „пред се последица на најдобрата крајбрежна епидемиолошка слика на Медитеранот“ и дека „Хрватска сè уште има една од најдобрите епидемиолошки ситуации во ЕУ“.

Во новиот неделен билтен исто така се вели дека од почетокот на оваа година до средината на јули имало повеќе од 2,6 милиони туристи во Хрватска, кои оствариле 14,3 милиони ноќевања, пренесува SeeBiz.

Повеќето гости се од Германија, Словенија, Чешка, Полска, Австрија и Унгарија!

Според податоците на HUT, 786 хотели и 395 кампови во моментот се отворени во Хрватска, а други објекти се отвораат секој ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Иако ХНК нема јасни индикатори за состојбата или соодветни системи за евиденција, се проценува дека само околу 30 проценти од планираните посети биле реализирани во целиот кантон.

КАТАСТРОФАЛНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА ВО БИХ: Огромни загуби поради короната!

Поради вирусот корона, туризмот во Херцеговина претрпе огромни загуби. Директорот...

-За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и...

Најголемиот дел од оние што се регистрирани во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Странските посетители најмногу се жалат за хигиената на јавните места и патната мрежа

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите...

Речиси 30 плажи во градот Коста дел Сол беа затворени во неделата, а туристите се вратија од нив во најпосетуваниот дел од денот, пренесува британскиот Дејли Меил.

ОГРОМНИ ГУЖВИ НА ПЛАЖИТЕ ВО ШПАНИЈА: Властите ги затвораат заради вирусот корона

Властите во Шпанија, со цел да го спречат ширењето на вирусот „ковид-19“, наредија затворање...