Спорт
Формула
34- годишниот Луис Хамилтон ја доби титулата најдобар спортист во Европа во традиционалниот 62. по ред избор на новинарските агенции.
Хамилтон е британски возач во Формула 1, и успеа да го заземе врвот на листата најдобри спортисти организирано од полската новинарска агенција.
Хамилтон успеа да се искачи на врвот пред тенисерот Рафаел Надал кој имаше 11 бодови помалку од него, а трет на листата е скијачот Марсел Хиршер кој има 75 бодови помалку од победникот Хамилтон.

Минатата година на врвот на оваа листа беше тенисерот Новак Ѓоковиќ кој годинава заврши на четвртото место. Петото место му припадна на Вирџил Ван Дајк, а по него е Марк Маркез.
Во првите 20 се и Лука Дончиќ (16 позиција) и Кристијано Роналдо (18 место).
Инаку Луис Хамилтон ја започнал картинг кариерата на осумгодишна возраст на патеката Рај Хаус Карт (англиски: Rye House Kart Circuit) и набргу потоа започна да победува и освојува шампионати во класа на кадети. Кога имал десет години тој му пришол на шефот на тимот на Мекларен Рон Денис барајќи автограм, при што рекол: „Здраво, јас сум Луис Хамилтон. Победив на британскиот шампионат и еден ден сакам да се натпреварувам со вашите автомобили“. Рон Денис покрај автограмот напишал: „Побарај ме за девет години, тогаш ќе се обидеме да направиме нешто повеќе“. Хамилтон најпрво настапуваше за Зип Јанг Ганс картинг тимот на повеќекратниот шампион Мартин Хајнс (англиски: Zip Young Guns Кart Тeam). Потоа во 1997 година, тој напредуваше од редовите на кадети до тимот на Јуниор Јамаха и откако повторно победи во првенството Супер Оне и го освои вториот шампионат, Рон Денис го исполни своето ветување и го ангажираше Луис Хамилтон во програмата за развој на возачи на Мекларен.
Во договорот била вклучена можност за идно возачко место во Ф-1, со што подоцна Хамилтон би станал најмладиот професионален возач во историјата на Формула 1.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Формула
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.