
Македонија
Вести
Сања Лукаревска, директорката на УЈП во емисијата Топ тема кажа дека го следат претходниот пример во претходните мерки во кои оние компании кои ја злоупотребиле државната помош сносија кривична одговорност, сега повторно ќе се постапува на истиот тој начин.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ќе инсистира секој месец да се објавуваат компаниите кои зеле државна помош, а не им ја исплаќаат на работниците.
Да се надеваме дека во првата половина од 2021 ќе ги нема овие тешки бројки на заразени, што се пресликува и рефлектира во стопанството. Очекуваме дека ќе можеме да го држиме буџетот во добра динамика. Сепак, треба соодветни анализи кои ги правиме кон крајот на годината за да видиме колкави очекувања треба да имаме од компаниите, а кои ќе бидат и нивните можности во КОВИД-кризата – рече Лукаревска на Телма.
Таа дополни дека ќе се борат против сивата економија, не само преку Законот за регистрација на готовинските плаќања, туку пред се на оние закони за ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход.
„Секако сметаме дека во 2021 година, ќе имаме засилени контроли во делот на потеклото на имотот кај граѓаните“, вели Лукаревска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.