Од наредната година актуелната влада во Луксембург воведува бесплатен јавен превоз.

Објавил: Сара Фемина | 6 декември, 2018 19:48

Луксембург – Од 2019 година бесплатен превоз за автобуси и возови

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од наредното лето 2019 година,новата коалициска влада во Луксембург на чело со премиерот Хавиер Бетел најави целосно бесплатен јавен превоз од наредната година.

Луксембург од средината на 2019 најавува дека ќе укине плаќање во јавниот превоз и тоа во возовите , трамваите и автобусите.

Новиот лидер на Демократската партија, која е сега заедно во коалиција со Социјалистичката партија и партија на зелените, вети дека приоритет ќе му бидат еколошките проблеми во својата држава.

Исто така владата најави и легализација на канабисот, како и ново воведување на два нови државни празници.

Владата со оваа мерка сака да ги мотивира жителите да го користат јавниот транспорт наместо автомобилите, кои се во голема употреба за секојдневниот живот. Градот Луксембург е еден од најзагадените во Европа.

Луксембург за прв пат се појавува на географските карти во 963 година. Една од неговите најзначајни карактеристики е тријазичноста: денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик за општење со луѓето кои не се од Луксембург, како јазици на културата, администрацијата и бизнисот.

Во самиот град живеат 110 000 жители, а секој ден во него со автомобили доаѓаат уште 400 000 на работа.Денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик.
Луксембург од крајот на 19 век станува земја на имигрант и поради големата потреба од работна рака која се бележи во рударската индустрија, Луксембург во последните децении бележи длабоки структурални и општествени промени кои направија оваа држава да стане вистински бизнис-центар на меѓународно ниво.
Во 1995 година Градот Луксембург бил прогласен за европски град на културата. 

 

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хашим Тачи во текот на воените конфликти имаше лидерска позиција на ОВК и тоа се до завршетокот на војната, кога се направени повеќе воени злосторства.

Шведското радио : ” Хашим Тачи наскоро во специјален суд “

Главното шведско радио објави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде повикан...

Администрацијата на САД веќе нема пофални зборови за Заев, сега Ципрас и Грција се вратата на Балканот, кој со спроведувањето на Преспанскиот ќе и го "земат" на Русија

САД ги интересира само надмоќ против Русија, Македонија и не е битна

Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават...