Необично видео се појави на социјалната мрежа Инстаграм на кое се гледа како ужива едно друштво поврзано со владејачката елита.
Додека македонската јавност е згрозена од мега аферата „Рекет”, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ужива во друштво на млади дами заедно со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Пери Антиќ.
Забележливо е дека присутните во ресторанот се расположени со алкохол, а се конзумираат и пури.
Антиќ ја пее познатата српска песна „Ѓурѓевдан” и на Жерновски му се обраќа со „Андреј гробару!”
ВИДЕОТО ПРОСЛЕДЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК: https://lider.com.mk/magazin/video-dodeka-puka-reket-zernovski-i-pero-antikj-lumpuvaat-po-kafeani/?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.