Луна во финалето се натпреваруваше со својот бивши дечко Марко Милјковиќ, кој го освои второто место.

Објавил: Перо Милчин | 7 јули, 2019 14:13

ЛУНА ЏОГАНИ ПОБЕДИ НА „ЗАДРУГА 2″- беше љубовница во првата сезона, а сега освои 50.000 евра!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Луна Џогани победи во втората сезона на „Задруга„ и освои 50.000 евра.

Луна во финалето се натпреваруваше со својот бивши дечко Марко Милјковиќ, кој го освои второто место.

По девет месеци расправии и љубовни случувања помеѓу задругарите, конечно заврши реалното шоу „Задруга“. Доцна синоќа публиката со своите гласови, одлучи Луна Џогани да биде победничка на втората сезона на „Задруга„

Луна Џогани победи во втората сезона на „Задруга„ и освои 50.000 евра.

По прогласувањето на победата, на Луна и честитаа нејзините пријатели како и блиските членови на семејството.

Водителката Душица Јаковљевиќ и го предаде чекот со вредност од 50 000 евра, а Марко Миљковиќ дома замина со автомобил „Шкода“. После прогласувањето на победата Луна се заблагодари на публиката и сите оние кои гласаа за неа во текот на овие месеци.

Луна Џогани исто така зеде учество и во минатата сезона во „Задруга“, каде што беше љубовница на српскиот пејач Слоба Радановиќ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.