,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 август, 2019 16:16

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата ,,КОД“ комплетно да преминат во 1ТВ , што таа ја одбила, изјави во телефонското гостување во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77, уредничката во Телма и емисијата ,,Код“, Снежана Лупевска.

Во телефонското гостување во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77, уредничката во Телма и емисијата ,,Код“, Снежана Лупевска, изјави дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки 13 и никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

Според Лупевска некој сакал тоа фино да го заташка.

,,Зошто ако се следи каде се одлеале парите, еден милион евра од Орце Камчев и каде се одлеале и другите пари кои што уплаќале во невладината ,,Меѓународен Сојуз“-дали во чантите на Боки или скапата облека ,или некој друг е крајниот консумент на тие пари односно се испорачани на друго место, за што постојат разни шпекулации, тогаш навистина ќе се знае поголемата слика за случајот ,, Рекет“.

Според Лупевска, целата истрага земајќи ги во превид тајминзите на направените снимки, кога тие се пратени во ЈО и кога Бојан Јовановски е уапсен ,се одбива многу бавно.

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“ и мислам дека некој сакал тоа фино да го заташка. Поради тоа што почна да се зборува во јавноста, заради тоа почна и да се прави истрага и да се апси Бојан Јовановски. Имам впечаток дека некој навистина сакал тоа да го сокрие “ вели Лупевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...