Пред да ги пуштат на следен прес од Владата да ги научат овие двајца млади луге на однос кон јавноста, бон-тон, но и да ги испрашаат дали воопшто знаат за што ке држат прес-конференција.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2020 11:00

Лупевска ги исплука Ангеловска и Бектеши: Неподготвеност, непрофесионалност зачинето со цинизам и некултура!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Уредничката во телевизија „Телма“, Снежана Лупевска го искритикува однесувањето на министрите за финансии и економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектиши, кон новинарите, нарекувајќи ги неподготвени, непрофесионални, цинични и некултурни.

Двајцата министри наместо да дадат конкретни одговори на новинарските прашања: кој, кога и како може да добие платежни картички, на прес-конференцијата на која го презентираа третиот пакет економски мерки вербално ги нападнаа новинарите обвинувајќи ги за нетрпеливост и притисоци, па дури изразија и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања, објави Јавно.мк!

Неподготвеност, непрофесионалност зачинето со цинизам и некултура, ова е однесувањето на двајца министри денеска Нина Ангеловска и Крешник Бектеши кон новинарите.
Пред да ги пуштат на следен прес од Владата да ги научат овие двајца млади луге на однос кон јавноста, бон-тон, но и да ги испрашаат дали воопшто знаат за што ке држат прес-конференција.
Браво за колегите кои за разлика од Министрите одлично ја познаваа темата и достоинствено возвратија на навредите
 – напиша Лупевска.

Освен Лупевска и новинарот Огнен Јаневски се огласи на социјалните мрежи.

Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии. Некој требало да ја подучи кога ја поставија за министерка како се комуницираат новинарски прашања и како се одговараат, па дури и кога не си баш среќна за нив, оти најчесто се такви, вели Јаневски!

А не да се потсмеваш во заднина или, пак, како Бектеши да даваш квалификации за реченична конструкција, наместо одговор.
Колешките Александра, Наташа и Тања, како и колегата Иле имаа многу прецизни и стручни прашања, зашто со годиништа следат економски сектор, па овој однос е уште поинфантилен.
И на крајот, повторно и по 45 минути „одговарање“ прашања, јас сè уште не можев да им одговорам на гледачите во денешната емисија на следните прашањa:

1. Каде граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
2. Кога граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
3. Дали невработените граѓани кои не се во регистерот на АВРМ (неактивни баратели, но и невработени) ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
4. Како ќе се генерираат тие кои ќе добијат помош преку системот на УЈП? Каква е процедурата воопшто?
5. Дали сите студенти и млади до 29 години ќе добијат помош, доколку се на пример три студенти од исто семејство/домаќинство?
6. Кои се условите за да се добие платежната картичка?
7. Дали пензионерите со пензиски примања кои се пониски од 15.000 денари ќе добијат помош, односно ќе бидат во генерирањата за платежни картички?
8. Дали лицата со попреченост ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
9. Кои граѓани ќе можат да добијат платежни картички, како и зошто?

Многу прашања – клучни и основни. Прашања без чиишто одговори не излегуваш на ниво на премиер и на двајца министри за да држиш прес-конференции за истите нешта два пати и притоа како министер/ка си со циничен однос кон прашањата на новинари, кои во секторот се десет години подолго од тебе. Па и да не се. Таквиот однос ќе ти се одрази. Зашто доколку ние не ги пренесеме одговорите на граѓаните, тие нема да знаат што вие сте си уредиле. Истото е и кога најавувате да се активираат граѓаните, а нема никакви насоки дури ни на основните прашања – кои, како и каде?
Ама ќе било. Веројатно тамам пред избори. Како 100-те евра на Вучиќ пред да почне со онлајн-митинзите, вели Јаневски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...