
Живот
Рецепти
Направете промена во дневното мени, подгответе зачинета и лута зелка со тестенини.
Расолот или кисела зелка е во широка употреба во текот на зимските месеци. Од него се приготвуваат разни традиционални јадења како сарма и подварок, а може да се користи и за салата. Расолницата како нус-производ од расол, има своја употреба.

Состојки:
250 гр флекици (тестенини)
1/2 главица кисела зелка
масло
бибер
1 лажичка лута пипер
Начин на подготовка:
Зелката исечкајте ја на резанки па испржете ја и додајте бибер и лута пипер.
Тестенините згответе ги, па процедете ги и измешајте ги со пржена зелка. Послужете топло.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.