Внатрепартиски извор ни открива дека Мицкоски нема да прифати ништо помалку од премиерска позиција.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 8 март, 2020 9:58

МАГАЗИН ОТКРИВА: Мицкоски ќе се збогува со политичката кариера доколку…

Фото/Текст извор: ©магазин

Внатрепартиски извор за магазин открива дека на наредниот состанок на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се одржи во средата ќе се одлучи конечно кои ќе бидат носители на листите во шест изборни единици низ Македонија. Ексклузивна информација е тоа што лидерот на партијата – Христијан Мицкоски најверојатно нема да биде носител на ниту една листа од изборните единици. Тоа значи дека, доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби овие парламентарни избори, Мицкоски ќе се збогува со својата политичка кариера бидејќи нема да стане ниту пратеник.

На социјланите мрежи врие од негодување поради начинот на кој беше сменета министерката Мизрахи. Тоа што ја разрешивте Рашела Мизрахи не значи дека ќе се заборави вашиот удел во кршење на Уставот и законите на Република Македонија и промена на името против волјата на граѓаните.

Овој гест на Мицкоски во ВРМО-ДПМНЕ го толкуваат како смел и лидерски, бидејќи на тој начин Мицкоски покажува дека оди на се или ништо. Тој нема да прифати помала функција од премиерската, а поразот на изборите ќе го сфати лично и во чест на својата партија и своите гласачи ќе си даде морална оставка од сите функции во ВМРО-ДПМНЕ. 

Меѓудругото, нашиот извор открива дека Рашела Мизрахи ќе биде најсилниот адул на ДПМНЕ на престојните избори. Таа дури и ќе биде носител на изборна единица. Мизрахи успеа да ја заинтригира јавноста поради тоа што одби да ја промени таблата на која пишуваше „Министерство за Труд и Социјална Политика на Република Македонија“ дури и по цена да плати казна во висина од 5.000евра и да биде разрешена од функцијата – технички министер за труд и социјална политика. По реакции од нашиот јужен сосед заради употребата на името „Република Македонија“ во институционален контекст, техничкиот премиер – Оливер Спасовски предложи разрешување на министерката – Мизрахи. На собраниска седница, таа беше разрешена. Неколку говори на Мизрахи силно одекнаа во јавноста, особено оној говор каде што истакнува: 

Почитувани пратеници не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Бабисадо Хамезе за неа изгуби нога во втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајки иднина. Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Македонија.

Со неколку говори и гестови, Мизрахи ги освои симпатиите на македонските граѓани и таа со право ќе биде најсилниот адут на ДПМНЕ во трката за власт. 

Магазин открива и неофицијални податоци за носители на листи во други 4 изборни единици. Еве ги загарантираните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ:

Носител на ИЕ1 – Гордана Силјановска 

Носител на ИЕ2 – Рашела Мизрахи 

Носител на ИЕ3 – Сашко Кедев 

Носител на ИЕ4 – Александар Николовски 

Носител на ИЕ5 – Игор Дурловски 

Носител на листата на ИЕ6 не му беше познат на нашиот извор. 

Станува збор за неофицијални податоци и шпекулации. Но со однос на тоа дека тие произлегуваат од извор кој е близок со раководството на партијата, најголем дел од нив ќе се потврдат на состанокот на ЦК во среда. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Знамето на Република Македонија со интонирање на македонската химна пред малку се развиори пред седиштето на НАТО со и со тоа нашата земја стана 30 членка на Алијансата.

ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА: Македонското знаме со химната се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел!

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО пред малку беше подигнато македонското...

Тој посочи дека за таа цел ќе биде сменет правилникот и посочи дека ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Од денеска МВР ќе ги доставува личните карти и возачките на домашна адреса!

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференцијата одржана викендов...