По котлините и долж Повардарието во текот на денот ќе има магла и ниска облачност, во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 9:46

Магливо и облачно: Ништо од јануарскиот снег!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Времето денеска во Македонија ќе биде магливо со температури од 9 степени.

По котлините и долж Повардарието во текот на денот ќе има магла и ниска облачност, во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде магливо. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Состојбата на патиштата низ Македонија – внимавајте на неколку патни правци.

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 – 50 метри на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 – 100 метри на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 – 15 метри на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 70 – 80 метри на патниот правец Кичево – М. Брод, од 50 – 60 метри на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – М. Каменица и Виница – Берово, од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управув ање со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа до вторник нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд.

ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Детална временска прогноза!

Под влијание на моќна циклонска активност, денес времето во нашата држава ќе биде претежно...

Од утре па натаму ќе бидеме под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд кој на многу места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, проследени со грмежи и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Од утре Македонија под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност,...

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец, истиот повремено ќе засилува.

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Доаѓаат врнежливи денови со засилен ветер и грмежи!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено...