Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

Објавил: Стојче Бушин | 20 септември, 2020 19:11

МАЕСТРАЛНО ВОЗЕЊЕ НА ИЏЕ: Стефановски победи на ТЦР трката на Валелунга

Фото/Текст извор: ©дерби.мк

Игор Стефановски Иџе извозе фантастична трка на патеката Валелунга и стигна до својата прва победа во италијанскиот ТЦР шампионат.

По одличниот настап во Имола каде Стефановски го освои второто место на втората трка, денеска македонскиот автомобилист успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Игор Стефановски – Иџе е македонски професионален рели возач. Моментално се натпреварува во Европскиот куп на туристички автомобили (ЕКТА). Стефановски порано учествувал на Европското првенство на ридски патеки, каде двапати победил, во 2014 и 2015 година.

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

Стефановски стартуваше од пол-позицијата и го задржа првото место од почеток до крај на трката, со тоа стигнувајќи и до прва победа на Валелунга.

Иако ги пропушти првите два натпреварувачки викенди во ова првенство, со вчерашното седмо место и со денешните 25 поени за првата позиција, Стефановски се наоѓа на 10. место во генералниот пласман.

До крајот на првенството остануваат уште два викенда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

Актуелниот европски првак делуваше уште некомпонирано и невоиграно и единствениот период во кој имаше иницијатива беа почетните 15-тина минути.

Е. Пелистер ја освои Струга и му најави на Вардар што го чека сезонава

Еурофарм Пелистер е освојувач на традиционалниот „Струшки турнир“, совладувајќи...

Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Европското Првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.Резултати – Национално првенство за Младинци У20 - Софија 25-26.01.2020

ЧЕСТИТКИ: Дрита Ислами сруши рекорд стар 40 години! (ФОТО)

Честитки за нашата Дрита Ислами, после 40 години срушен рекорд на Елизабета Божиновска! Во...

Нападот предводен од Илија Несторовски беше бледото лице на нашиот национален тим. Тому фудбалерот родум од Прилеп беше еден од најслабите поединци во нашиот состав

МОМЦИ, НЕ ГИ ОПРАВДАВТЕ ОЧЕКУВАЊАТА!

Го дочекавме денот, Македонија конечно живееше за репрезентативен фудбал. Главниот...