Знаете ли колку вреди домашната работа на една жена? Еден маж по име Стивен, решил да се позанимава со ова прашање и да даде одговор. Тој успеал да ја пресмета сумата за тоа колку вреди работата на неговата сопруга и ја објавил на својот блог. Ова писмо за кратко го заобиколи светот а еве и зошто:
Размислував, одамна но никако не можам да си дозволам дадилка и домашна помошничка, немам доволно пари за таков луксуз, па мојата сопруга е принудена да ја остави работата и во целост да се посвети на куќата и детето. Таа го храни нашето дете, секојдневно му менува пелени, го теши кога плаче, го заспива, му пее приспивни песнички, но не избрзувајте, ова е само почеток!
Многумина ќе си речат, па тоа и е работа, таа е мајка! Да, таа е мајка и природно е да се грижи за своето дете, но размислете колку пари мора да дадат мајките кои, поради работата, не можат да се грижат за своето дете!“
Стивен дури и пресметал колку на годишно ниво би чинело се` што неговата сопруга извршува, а еве ја пресметката:
Кога би го довериле детето на дадилка тоа би чинело – 705 долари неделно, 36.660 годишно.
Таа секојдневно ја чисти куќата, а доколку би плаќале жена за чистење тоа би чинело – 50 до 100 долари секој пат, или 5.200 годишно.
Купување намирници – 65 долари секој пат, 4 пати неделно, или 13.520 годишно.
Мојата сопруга секојдневно готви, соколку би јаделе надвор или готова храна тоа би чинело повеќе од– 240 долари неделно, 12.480 годишно.
Таа е финансиски помошник, располага со буџетот, плаќа сметки а тоа би чинело – 15 долари на час, 5 часа неделно, 3.900 долари годишно.
Организација на собирање на семејството – семејни ручеци и др – 75 долари на час, 4 часа, 3 пати годишно, вкупно – 900 долари годишно.
Тука е и перењето на облека. Размислете дека со мало дете таа пере секојдневно, а доколку би ја носеле облеката во перални тоа би чинело – 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.
Па ете така дојдовме до вкупната сума, која годишно изнесува 73.960 долари!
„Чувствувам срам, бидејќи некое време ништо немам купено за неа. Навистина ми е незгодно бидејќи таа цело време мислеше дека премногу троши и сите наши приходи ги троши залудно“.
„Таа ме сака мене и нашиот син, секако без никаква парична надохнада! Меѓутоа, мораме да замислиме за тоа дека нивната работа објективно вреди многу повеќе.“
„На овој чуден начин, сакав да изразам длабока почит. Таа вреди повеќе од секој скапоцен камен на светот.“
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.