Свет
Вести
Македонскиот државјанин Лазо Павлев (42) исчезнал во Белград на 25 септември од кога му се губи секаква трага, објави српски Курир.
Неговото исчезнување е пријавено во Регистарот за исчезнати лица со објаснување дека Павлев престојувал во стан на Дорќол, и дека последниот контакт со него е остварен на 25 септември околу полноќ.
Сите околности за неговото исчезнување се непознати, а во апелот за помош во пронаоѓањето е објавено дека е висок 180 см. тежок 120 килограми, со кафеава коса и сини очи.
Порталот потенцира дека доколку некој има било какви информации за Павлев , да се јави во најблиската полициска станица во Белград.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.